Тип на донација
Сума

или

Образование за сите

Образованието е основно човеково право и задолжително е да се обезбеди пристап до квалитетно образование за секое дете. Подготвеноста на децата да учат, како и нивната способност да го остварат својот целосен потенцијал, најпрво се постигнуваат во семејството каде што се чувствуваат безбедно, згрижено и сакано.

Речиси 28 000 деца во Македонија го изгубиле или се изложени на ризик да го изгубат својот “прв учител” – нивните родители (извор: Завод за социјални дејности).

Ваквите деца и млади често се лишени од стабилна, грижлива и стимулативна средина неопходна за нивниот развој во раното детство. Исто така, тие често имаат потреба од дополнителна едукација и тренинг за да бидат подобро подготвени за пазарот на трудот.

Една од важните задачи на СОС Детско село во Македонија е да обезбеди квалитетно образование за децата со цел тие да ги развијат своите целосни капацитети.