6 ноември 2018
На 29.12.2010 традиционално , шеста година по ред, по повод Новогодишните празници , децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО ги посети поранешниот претседател Бранко Црвенковски и им подари новогодишни пакетчиња. Децата, како добри домаќини, се претставија со музичка точка и а нашиот талентиран маѓионичар Мартин , со подршка на претседателот Бранко Црвенковски, ги презентираше своите нови маѓионичарски трикови.
Претседателот го поздрави и се обрати Националниот Директор на СОС ДЕТСКО СЕЛО Македонија, Г-ѓа Јулијана Гапо и ја презентираше работата на организацијата СОС ДЕТКО СЕЛО; која покрај тоа што работи на полето на заштита и згрижува деца без родители и родителска грижа,го покрива и полето на превентивата со два превентивни проекти во општина Гази Баба и Шуто Оризари, во рамките на кои организацијата поддржуваше окулу 300 деца во текот на 2010 година.
Јулијана Гапо, во името на сите деца му додели и благодарница на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, за неговата долгогодишна поддршка и хуманост.
Назад кон сите новости