Тип на донација
Сума

или

nikola grueski sos detsko selo

6 ноември 2018

Новогодишна посета на премиерот во СОС Детско Село

Премиерот на Р.М г-динот Никола Груевски, во придружба на Министерот за труд и социјална политика г-динот Диме Спасов, во пресрет на новогодишните празници, традиционално ги посети СОС згрижувачките семејства во населбата Ченто и со желби за среќа, радост и успех во иднината им ја честитка Новата 2015 година.

 

Со претстава која сами ја подготвија, дечињата ја изразија својата благодарност до премиерот Груевски, кој во оваа пригода им донираше новогодишни пакетчиња.

Изминатата година ја одбележавме со одлична соработка со СОС Детско село. Почнавме финансиска поддршка на сите згрижувачки семејства ангажирани во Детско село и така ќе продолжиме. Почнавме и една современа и квалитетна програма за едукација на згрижувачките семејства во Македонија, преку која се обучија над 40 згрижувачки семејства, 20 обучувачи на потенцијални згрижувачки семејства со што се покажува и успехот на кампањата што стартуваше оваа година за зголемување на бројот на згрижувачките семејства.” изјави министерот за труд и социјална политика Спасов. 

Потпретседателот на Управниот одбор на СОС Детско село Г. Двојаков во знак на благодарност му врачи благодарница на Г. Груевски.