6 ноември 2018
Во пресрет на Новогодишните празници, СОС Детско село, традиционално го посетија градоначалникот на Град Скопје Г. Коце Трајановски и Градоначалникот на Општина Гази Баба, Г. Тони Трајковски. Тие ги израдуваа децата со новогодишни пакетчиња полни со слатки изненадувања.
Особено ме радува тоа што сум денеска тука меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и мајчинска грижа и заедно со вас ги пребродуваат сите предизвици кои се испречуваат на вашиот пат. Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка за развој на личните потенцијали и општествени вредности на своите граѓани, а особено на најмладите, и ќе поддржува голем број проекти. Еве, во годинава што изминува Градот Скопје ја уреди внатрешноста на една од куќите, поточно куќата е искречена на површина од околу 500 квадрати и чиста. На Вас деца, ви останува вредно да учите и да го надградувате своето знаење. Ви посакувам во Новата година да бидете среќни и весели и безгрижно да растете во слога и љубов, да се сакате и разбирате меѓу себе бидејќи тоа е привилегија која води кон успешна и светла иднина – им порача градоначалникот Трајановски на децата во Детското СОС село.
Г. Трајковски пак се заблагодари на СОС згрижувачите за посветената работа и проидонесот кој го даваат за правилен раст и развој и тоа што секојдневно се посветени на мисијата Топол дом и грижа за секое дете. Ги поздрави и децата и доделувајќи им новогодишни пакетчиња и посака Среќна Нова Година.
Назад кон сите новости