15 април 2024
Како заокружување на изминатата година, СОС Детско село заедно со Нептун по втор пат ја активираа кампањата “Заокружи сметка и Донирај за СОС Детско село” која стартуваше на 1 октомври и траеше до 31 декември 2023 година.
За време на оваа заедничка кампања на потрошувачите на Нептун им беше овозможено да донираат едноставно и да придонесат за квалитетни услови за грижа на децата во СОС Детското село. Со едноставно заокружување на сметката при кое било купување во Нептун, потрошувачите донираа износ по свој избор во рамки на сопствените можности.
Благодарение на потрошувачите на Нептун кои во период од 3 месеци дадоа придонес во оваа голема хуманитарна акција, се собраа 305.879,00 денари – средства наменети за програмите на СОС Детско село кои ги поддржуваат децата и младите без родители и родителска грижа да ги развиваат своите капацитети и да станат успешни млади луѓе што активно ќе придонесуваат во општеството.
Оваа заедничка хуманитарна акција која го поттикнува индивидуалното донаторство е уште еден доказ дека нашите сограѓани ја препознаваат можноста индивидуално да делуваат и да придонесат за подобра и посигурна иднина на децата и младите од оваа ранлива група.
Назад кон сите новости