5 мај 2023
Во рамките на долгогодишната соработка меѓу Нептун и СОС Детско село, а со цел подобрување на квалитетот на животот на децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село, поточно можноста секое дете да има свој компјутер, Нептун и СОС Детско село остваруваат партнерство со Донирај Компјутер.
Донирај Компјутер заедно со својот тим во наредниот период од донации ќе обезбеди 109 компјутери за децата поддржани од СОС Детско село.
Сите граѓани кои ќе изразат желба да го донираат својот компјутер може да го остават во било која од продавниците на Нептун. Потоа Нептун ќе го достави до Донирај Компјутер каде што компјутерот ќе биде сервисиран и подготвен за децата. Нептун преку својата дистрибутивна мрежа ќе ги достави сите компјутери до децата поддржани од СОС Детско село.
Голема благодарност до Нептун кој ни го овозможија ова партнерство и посебна благодарност до тимот на Донирај Компјутер кој неуморно работи сите деца од ранливи категории да добијат компјутер.
Со зголемување на згрижувачките семејства поддржани од СОС Детско село во 2023 година, продлабочување на партнерството со Нептун и Донирај Компјутер е чекор кој ќе ја осигура нашата работа и мисија.
Назад кон сите новости