Тип на донација
Сума

или

statuetki

17 март 2022

МОЌТА НА ИНДИВИДУАЛЕЦОТ ДА ЧИНИ ДОБРО

Веруваме дека секој од нас порано или подоцна ќе се запраша – колку сум хуман, дали споделувањето и дарувањето е дел од мојот живот? Колку е тешко, односно колку е лесно да се помага ? А воедно и колку е убаво чувството откога знаеме дека сме помогнале.

Може да заклучиме дека не е прашање дали да се помага, туку каде и колку?

Она што СОС Детско село го нуди е поддршка на кауза полна со емоции, помош на најранливите, на децата без родители и родителска грижа оставени сами на себе и секој оној кој сака да допринесе во оваа област се придружува на семејството на СОС пријатели.

Со големо задоволство споделуваме дека секоја година се поголем број на граѓани се приклучуваат во поддршката на СОС Детско село. Многуте донатори прават голема разлика во животот на децата од ранливите групи, а во исто време секоја донација возвраќа на секоја индивидуа со радост, гордост  и лично задоволство.

Помагањето и донирањето во каузата во која веруваме претставуваат вредности што не оплеменуваат и кои треба да ги негуваме, да ги развиваме  и кои треба да ги пренесуваме низ генерации за да станат дел од  начинот на нашето живеење

На листата на најголеми индивидуални донатори кои одвоија време и средства за децата поддржани од СОС Детско село во 2021 година се:  Варвара Стојановска Чукиќ, Бурхан Ахмети, Амела Ајановиќ, Орце Малинов, д-р Лоди Гоговска, Јана Стојановска, Андреа Јовановски, Бранко Радојчиќ и Љиљана Секулоска. Благодарност на тие што одвоија време и присуствуваа на настанот Едно Семејство за да ги подигнат плакетите за донаторство.

Варвара Стојановска Чукиќ, Бурхан Ахмети, Амела Ајановиќ, Орце Малинов, д-р Лоди Гоговска, Јана Стојановска, Андреа Јовановски, Бранко Радојчиќ и Љиљана Секулоска.

 

Многумина не прашуваат – што е тоа посветено донаторство. Одговорот е едноставен  – секој оној што ја препознава важноста на одржливоста на нашата работа станува посветен донатор, донатор кој секој месец, во континуитет, непрекинато ги помага децата и претставува силен генератор на стабилноста на нашите програми и на нашиот  успех. Ние сме секој ден со децата, 365 дена во годината  и повикуваме – бидете вие еден ден во месецот со нив.

На листата на најголеми посветени граѓани кои во континуитет донираат  на СОС Детско село  и овозможуваат континуитет на поддршката на оние на кои им е најпотребно годинава се запишаа имињата на Драге Ристески, Кристина Тасевска, Звонко Глигоров, Зоран Стерјев, и Ивана Ѓеорѓиевска.

Драге Ристески, Кристина Тасевска, Звонко Глигоров, Зоран Стерјев, и Ивана Ѓеорѓиевска.

 

Ја прашавме Ивана Ѓеорѓиевска да сподели со нас неколку размисли околу донирањето. Таа вели дека донира за љубовта, вербата и надежта да бидат секогаш помеѓу нас и на тој начин сите ќе бидеме духовно и општествено поврзани за животните проблематики, но и со решенијата.

Таа им порача на идните донатори-  Ако се сака, со направено мало чекорче може да се направат уште поголеми чекори кои можат да донесат светлина во нечиј живот. Да бидеме како деца кои секогаш природно, безрезервно и искрено сакаат да им помагаат на другите. Да ја негуваме секогаш детската великодушност која со самото растење не учи да цениме се што имаме и да продолжуваме да подржуваме добротворни цели.

Голем е импактот на заедничкото делување но уште е поголем кога тоа се прави во континуитет и кога  овозможува одрживост и сигурност.

blagodarime sos