10 октомври 2022
Во рамките на проектот YEEP („Зајакнување на младите преку нови можности“) изминатата среда и четврток, на 05 и 06 октомври 2022 година се одржа Младинскиот форум. Настанот се одржа во Public Room (Јавна Соба), во периодот 11-18 часот на кој младите имаа можност да учествуваат на панел дискусија со претставници од бизнис заедницата, да добијат стручни совети од професионалци од агенциите за посредување при вработување, да посетат и учествуваат на работилници за кариерен развој, мотивација и личен развој, еко работилница за намалување на отпадот и компостирање и работилница за изработка на накит.
На крајот на првиот ден од настанот имавме и мала забава и форумот го затвори младиот бенд Резонанца со музички настап.
Вториот ден го започнавме со панел дискусија на младите и претставници на локалните власти, продолживме со интерактивна презентација за можностите кои ги нуди занаетчиството како професија за младите луѓе, работилница за социјално претприемништво преку design thinking примери, стручни совети за здрава исхрана и здраво вежбање, работилници за врсничко насилство и онлајн вознемирување, ментално здравје и промовирање на младинско претприемништво.
Имавме навистина интересни и продуктивни денови исполнети со убави дискусии и идеји. Се надеваме дека на сите млади кои беа дел од овој форум, ова искуство ќе им биде добра мотивација и инспирација за нов почеток.
Назад кон сите новости