29 август 2024
Соговорниците го истакнаа значењето на згрижувањето и улогата на згрижувачките семејства како форма најблиска до семејството, од каде произлегува и правилниот раст и развој на децата без родители или без родителска грижа.
Министерот Лимани изрази подготвеност за градење партнерски однос со СОС Детско село во креирањето законски решенија и унапредување на згрижувањето, форма која во изминативе години бележи позитивни искуства.
СОС Детско село има големи очекувања од Министерството за социјална политика, демографија и млади и го поздравува новото преструктуирање со цел посилен фокус на темите од социјална заштита и младите. И понатаму ќе останеме стабилен партнер на државата во испорака на клучни социјални услуги во заедницата за најранливите категории, но исто така како и досега сме подготвени да се вклучиме во работни групи за унапредување на законската рамка во интерес на децата и младите.
„Деинституционализацијата донесе значајни промени, но реформите не се завршени, со тоа се става во ризик целиот згрижувачки систем и капацитет на државата а најмногу децата на кои им е потребно итно згрижување. Процесите мора да продолжат и да има континуитет затоа што сите заедно сме одговорни кон децата во оваа држава и не смееме да ги изневериме“ – порача националниот директор на СОС Детско село, Јулијана Гапо.
Назад кон сите новости