Тип на донација
Сума

или

sos detsko selo memorandum mtsp

6 ноември 2018

Меморандум за поддршка меѓу СОС Детско Село и МТСП

Регулирање на взаемните односи за поддршка на заедничките активности што ќе се преземаат во иднина меѓу Министерството за труд и социјална политика и СОС Детското село е целта на Меморандумот за разбирање што денеска го потпишаа министерот Спиро Ристовски и националниот директор на СОС Детско село Јулијана Гапо. Меморандумот е во насока на подобрување на положбата на децата, градење подобра иднина и обезбедување благосостојба за нивна подобра интеграција во социјалната средина.


„Соработката ќе биде насочена кон унапредување на квалитетот и стандардите на социјалната заштита, развој на социјалните програми за грижа, подигање на стандардите за квалитетот на грижата, унапредување на системот на згрижувачките семејства, изнаоѓање на нови форми на грижа базирани на семејство како и кон развој на превентивни програми за поддршка на семејствата во ризик, се со цел децата да останат во своите биолошки семејства,, нагласи министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерството за труд и социјална политика и СОС Детското село заеднички ќе соработуваат во насока на обезбедување на експерти кои ќе вршат обука на вработените во домовите, јакнење на капацитетите на децата во процесот на осамостојување до нивното напуштање на установата.

,,Оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика прават конкретни чекори за сите деца, вклучувајќи ги и децата кои не по своја вина останале без родителската грижа и топлиот дом. Ние создаваме  подобри услови за живеење и можности за правилен раст и развој на овие деца со посебен акцент за нивна подобра иднина, преку преземање законски мерки и активности,, додаде Ристовски.

Тој посочи дека во изминатиот период ресорното Министерство направило сериозни чекори во обезбедување соодветни права на парична помош, домување, како и овозможување на редовно високо образование за децата без родители и родителска грижа по нивното полнолетство и по напуштање на установата или згрижувачкото семејство.

,,Со цел да се овозможи полесно осамостојување и интеграција на овие лица во социјалната средина, со Законот за социјалната заштита е утврдено дека тие можат да користат еднократна парична помош во висина од 180.000 денари, а доколку се материјално необезбедени и парична помош од 4.000 денари, како и помош во домувањето преку добивање надоместок за плаќање на станарина за стан под закуп од 4.000 денари за самец и 1.500 денари како дел од тековните трошоци за станот,, рече Ристовски.

Потсети дека од 15 септември влезе во сила утврденото право на повисок износ на паричната помош за сите студенти кои прв пат запишуваат студиска година на јавните универзитети, магистерски студии или подготвуваат докторат во висина од 9.000 денари ако користи стан под закуп, односно 18.000 денари месечно ако не користи стан под закуп.

,, Поаѓајќи од утврдените законски можности за помош и поддршка на лицата кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители и родителска грижа, Министерството за труд и социјална политика смета дека и лицата кои биле сместени во СОС Детското село треба да ги користат истите права,, нагласи министерот Ристовски.

Директорката на СОС Детскио село за Македонија смета дека потпишувањето на мемурандумот е големо поместување во соработката и во поддршката од државата.

,,Оваа година кога органзиацијата славеше 10 години постоење беше вистинско време да се направат посериозни чекори за поддршка на овие деца од страна на државата,, рече Гапо.

Во СОС Детското село има 88 деца на возраст од четири до 22 години, од кои тројца се студенти и еден е постдипломец