Тип на донација
Сума

или

memorandum sos i mtsp

6 ноември 2018

Меморандум за соработка меѓу СОС Детско Село и МТСП

На 06.04.2011 беше потпишан меморандум за соработка помеѓу СОС Детско Село Македонија и Министерството за Труд и Социјална Политика. Овој меморандум го опфаќа нашето превентивно поле на работа- Програмите за Зајакнување на семејствата и неговото потпишување е уште еден чекор во зацврстување и продлабочување на соработката со МТСП кое за оваа цел ќе даде поддршка при развој на нашите превентивни програми.

 

СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА покрај тоа што е неприкосновен лидер во невладиниот сектор во полето на заштита на деца без родители и родителска грижа во последните 2-3 години, полека но сигурно се активира и во сферата на превентивата, која од сите носители на одговорности, пред се министерството за Труд, Центрите за Социјална работа како и невладиниот сектор, чиј фокус на работа е социјалната зашита е идентификувана како една од проритетите и една од најслабите алки  во системот на социјалната заштита.СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА  со отворањето на Советодавните центри за родители и деца, ќе даде значајна поддршка во превенцијата не само со  своите ресурси, туку и со дел од ресурсите на сите партнерски невладини организации со кои соработуваме со цел да се надмине недостатокот на капацитет и ресурсите од страна на државата, и да се намали бројот на децата на улица како и да се намали бројот  децата од биолошките семејства да се најдат во ризик и потреба за заштита и грижа во некоја од постоечките форми на заштита, меѓу кои е и ДЕТСКОТО СЕЛО.

Нашиот прв Советодавен Центар за родители и деца се отвори во општина Шуто Оризари крајот на 2009 а вториот кој функционира  речиси половина година официјално ќе биде отворен на 29 Април оваа година.2011 година, кога СОС ДЕТСКО СЕЛО прославува 10 години од своето основање, официјано и декларативно со 2  Советодавни Центри станува активен чинител и на полето на превенцијата. Во 2012 планираме отворање на уште еден Советодавен Центар и тоа во рурална средина. Во моментот нашите 2 советодавни центри, едниот во општина Шуто Оризари , а другиот во оштина Гази Баба, кој започна со работа  кон крајот на 2010 во рамките на Јавната Установа за деца – Детска Градинка ` 25 мај `, подржуваат вкупно 110 семејства, 190 родители или старатели и приближно 350 деца на возраст од 0 до 18 години.До крајот на 2012 планираме под закрила на нашите превентивни програми да поддржиме приближно 500 деца.