6 ноември 2018
СОС Детското село Македонија е Здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
Проектот беше насочен кон зајакнување на капацитетите на згрижувачките семејства во Р. Македонија, зајакнување на капацитетите на професионалците во секторот на социјална заштита, можности за зголемување на ресурсите за згрижување во Р. Македонија и унапредување на системот на социјална заштита во сегментот на згрижување на деца и стандардизација на згрижувањето во Р. Македонија.
Целта на надворешната проценка е да го процени влијанието кое овој проект го има направено со неговото спроведување.
Профил на консултантот/агенцијата
• Лицето (а) кое ќе ја спроведува оваа проценка треба да има компетентност и искуство во спроведување на проценки и истражувања.
• Лицето треба да има темелно разбирање за децата во ризик и детски права, социјалната заштита и законодавството, политики и стратегии поврзани со оваа целна група,
• Најмалку 5 години докажано искуство со партиципативни истражувачки методи, собирање на податоци и примена на методологии.
• Одлични аналитички, истражувачки и вештини за пишување на извештаи, како и интерперсонални вештини.
• Добро владеење на англискиот јазик.
Експертите кои учествуваат во повикот за проценка на проектот “LOVELY HOME FOR EVERY CHILD – ESSENTIAL FAMILY LOVE” треба да ја посетат веб-страницата на СОС Детското село Македонија www.sos.mk за повеќе информации и да ги преземат задачите за проценка со цел да го изработат предлогот.
Заинтересираните кандидати се бара да достават:
1. Писмо за изразување на интерес
2. Кратка биографија / Curriculum vitae
3. Краток опис на предлогот. Краток опис на методологијата на истражувањето и анализата, кој треба да содржи информации како што се бара во (terms of reference). Условите на повикот обезбедени од СОС Детско село Македонија ги содржат основните информации за креирање на предлогот / краткиот опис.
4. Повеќе информации може да се побараат од Марио Јанчев на mario.jancev@sos.org.mk
Ве молиме испратете ги документите за аплицирање до 1 октомври 2017 година на адреса СОС Детско село Скопје, ул. Финска 131, 1040 Скопје.
Документите за аплицирање треба да се доставуваат во запечатен плик со наслов: Консултантски услуги за надворешна проценка на проектот “LOVELY HOME FOR EVERY CHILD – ESSENTIAL FAMILY LOVE”.
Кандидатите ќе бидат информирани за резултатите од изборот најдоцна до 20 октомври 2017 година.
Референтните услови за оваа анализа ќе ги најдете на следниов линк.
Назад кон сите новости