Тип на донација
Сума

или

kreativna rabotilnica sos detsko selo

6 ноември 2018

Креативни работилници за Велигден 2015 во Клубот на Млади

Во рамките на Клубот на Млади, при Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба, во периодот од 02-08.04.2015 година, се одржаа низа креативни работилници на тема: „ВЕЛИГДЕН”. Вкупно 11 деца во социјален ризик, на возраст од 8-16 години, имаа можност да учествуваат на средбите и да го дадат својот придонес за успешно реализирање на активностите.

 

Средбите започнаа на 02.04.2015 г., со рачно декорирање на керамички шољи, со цел нивно изложување на Хуманитарен Базар. За потребите на Базарот децата подготвија 50 изработки со Велигденски мотиви: 20 големи шољи, 10 помали, 10 гипсени украси и 10 корпички за јајца.
Изработките на децата, беа изложени на штандот на СОС Детско Село Македонија, во рамки на Хуманитарниот Базар, одржан на ден 04.04.2015 г. во трговскиот центар Скопје Сити Мол.
Следно беше вапцувањето и украсувањето на Велигденските јајца.
Средбата имаше и едукативен карактер. На децата им беше пренесена симболиката на вапцувањето јајца во Христијанството, дел од легендите поврзани со вапцувањето и значењето на Велигденските јајца.
Техниките со кои се украсуваа јајцата беа: фарбање со желатински бои, фарбање со повеќе видови прехрамбени бои, украсување со кристали, украсување со стикери и украсување со обвивки за јајца.
На крајот беше организирана дружба помеѓу деца од Клубот на Млади и деца од СОС Детско Село-Скопје. Имено на „гости” ни беа 7 деца, 1 СОС мајка и тројца од стручниот тим на СОС Детско Село-Скопје. Разговаравме за начините на подготовка на празникот, културата и обичаите на славење.
На средбата покрај меѓусебното дружење, децата од Клубот на Млади како
„добри домаќини”, на децата од СОС Детско Село-Скопје им подарија дел од рачно изработените кошнички и велигденски јајца.
Низ циклусот креативни работилници, децата беа водени и поддржувани од социјален работник и волонтери од Советодавниот Центар. Децата за прв пат имаа можност да се запознаат со одредени техники на боење и украсување на шољи и велигденски јајца и вистински уживаа правејќи го тоа.
Задоволството од сработеното, можеше да се види од на насмеаните детски лица.