Тип на донација
Сума

или

oglas za koordinator za relacii so donatori

17 февруари 2022

Отворен оглас за Координатор за одржување на релации со донатори

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

СОС Детско село објавува слободна позиција за 1 работно место:

 

Координатор за одржување на релации со донатори

 

Опис на работното место

Координаторот за одржување на релации со донатори е  задолжен за реализација на  Интернационална програма за децата и младите без родителска грижа згрижени и поддржани во СОС Детско село.

Целта на работната позиција е да креира висококвалитетни содржини за потребите на оваа програма.

За таа цел е во директна комуникација со одговорните вработени, собира информации и произведува текстуални, фотографски и видео содржини според дефинирани стандарди и истовремено ги извршува и другите задачи во врска со програмата.

Координаторот за одржување на релации со донатори припаѓа во Одделот за собирање на средства и комуникација.

 

Клучни области на работа и главни одговорности:

  • Обезбедување на информации за потребите на донаторската програма преку креативно пишување и поставување на промотивни текстови согласно дефинирани правила и насоки
  • Приготвување и продуцирање на фотографии и видеа согласно СОС стандарди
  • Користење на софтвер и редовно внесување на податоци во истиот спрема дефинирани формати и стандарди и временски рамки.
  • Поддршка во подготовка на текстови и споделување на информации за работата на СОС Детско Село за потребите на одделот за комуникација
  • Поддршка при организација на настани со донатори и партнери
  • Поддршка при организација на креативни работилници и настани со деца
  • Ги следи трендовите и се надградува преку интернационалната мрежа на СОС Детски Села
  • Се придржува до стандардите и политиките на организацијата со особен осврт на политиката за заштита на деца.

 

Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

  • Докажано претходно искуство во пишување кратки приказни – Storytelling.
  • Одлично познавање на англискиот јазик во писмена форма (ќе се спроведе тест за вештини доколку кандидатот е во потесен избор)
  • Напредни вештини во Word, Excel, Powerpoint
  • Сензибилизиран за работа за деца
  • Одлични организациски и административни способности
  • Вештини за пишување, комуникација и интерес за децата

 

Дополнителни вештини што ќе се сметаат за предност:

  • Искуство во фотографирање и изработка на кратки аматерски видеа. (ќе се спроведе тест за вештини доколку кандидатот е во потесен избор)
  • Познавање на прашањата за заштита на децата и законот за заштита на личните податоци.

 

Работни услови:

  • Работа на определено време во период од 1 година со можност за продолжување на неопределено;
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00.
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)

 

Ве молиме испратете професионална биографија најдоцна до 25.03.2022 на е-маил: kariera@sos.org.mk. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.