Тип на донација
Сума

или

Хуманитарен ракометен натпревар за СОС Детско село

6 ноември 2018

Хуманитарен ракометен натпревар за СОС Детско село

Нашите ракометари во неделата го одиграа првиот контролен натпревар против репрезентацијата на Израел во рамките на подготовките за Светското првенство кое во јануари 2015 ќе се одржи во Катар. Ракометната федерација на Македонија даде и хуманитарен карактер на овој натпревар и одлучи сите собрани средства од продажбата на влезници да ги донира на СОС Детско село.

 

Од продажбата на влезници беа собрани 175 000 денари кои ќе бидат донирани на нашата организација. И националниот тим на Израел се приклучи на оваа хуманитарна акција и  донираше 60 000 денари.

 

Ракометарите натпреварот го завршија со победа. Сите ние од СОС Детско село Македонија им благодариме на хуманоста и им посакуваме многу успех и победи на престојниот мундијал во Катар!