29 јануари 2019
СОС Детско село ја усвои Програмата за волонтери за 2019 година со цел да им даде можност на невработени/млади лица да се развиваат и да градат искуство така што ќе станат дел од секојдневните програмски активности од областа на социјална превенција и социјална заштита на 4 различни локации на територија на град Скопје, Општина Гази Баба, Општина Бутел, Општина Карпош и Општина Шуто Оризари.
Доколку сакате да бидете волонтер во СОС Детско село, треба да имате:
Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои завршиле:
– обука од областа на човековите права
– имаат искуство во работа во НВО сектор
Избраниот/та волонтер/ка ќе помага во спроведувањето на активностите поврзани со образовната поддршка за згрижени деца и млади или деца во социјален ризик и така ќе стекнува соодветно искуство и знаење.
Волонтерот/ката ќе волонтира на активности со цел постигнување на подобар образовен учинок на децата и младите од програмските единици на СОС Детско село.
Волонтерот/ката ќе подготвува редовни извештаи за спроведената работа пред координаторите на програмските единици.
Предвиденото време за волонтирање е пет дена во работната недела од 12.30/13.30 до 16.30/17.30 часот или од 15.30/16/30 до 20.30/21.30. Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата изнесува 25 часа.
Волонтерот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз во износ од 4.923,00 денари.
Доколку сакате да станете дел од СОС Детско село , испратете ни:
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер /ка испратете ги на адресата volontiraj@sos.org.mk најдоцна до 28 февруари 2019.
Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Назад кон сите новости