6 август 2020
СОС Детско село има потреба од волонтери за поддршка на семејствата кои живеат во социјален ризик на неколку различни локации на територија на град Скопје.
Волонтерскиот ангажман вклучува активности за достава на пакети со хуманитарна помош до ранливите семејства кои се најсилно погодени од последиците на кризата настаната поради Ковид 19. Целта на поддршката е да обезбеди подобри услови за живот и соодветна социјална и здравствена заштита на ранливите семејства вклучувајќи:
Заинтересираните кандидати треба да поседуваат:
Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои имаат искуство:
Сите активности на СОС Детско село се реализираат според претходно изработени протоколи за заштита од Ковид 19. Придржувањето кон протоколите за заштита е задолжително и следено од одговорните лица.
Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата изнесува 20 часа. Волонтерите добиваат месечен надоместок за трошоци за храна и превоз согласно законските рамки на волонтерскиот договор.
Доколку сакате да станете дел од СОС Детско село, испратете ни кратка биографија во која ќе ги наведете претходните волонтерски активности, како и информации за вашето формалното/неформално образование;
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер/ка испратете ги на адресата maja.smilevska@sos.org.mk најдоцна до 21 август 2020 година.
Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме јасно назначете телефон и e–адреса за контакт.
Назад кон сите новости