10 јули 2020
СОС Детско село има потреба од волонтери за поддршка на семејствата кои живеат во социјален ризик на неколку различни локации на територија на град Скопје.
Волонтерскиот ангажман вклучува активности за обезбедување пакети со хуманитарна поддршка на ранливите семејства кои се најсилно погодени од последиците на кризата настаната поради Ковид 19. Целта на поддршката е да обезбеди подобрени услови за живот и соодветна социјална и здравствена заштита на ранливите семејства вклучувајќи:
Заинтересираните кандидати треба да поседуваат:
Предност ќе имаат оние кандидат(к)и кои:
Сите активности на СОС Детско село се реализираат според претходно изработени протоколи за заштита од Ковид 19. Придржувањето кон протоколите за заштита е задолжително и следено од одговорните лица.
Вкупниот број на часови за волонтирање во неделата изнесува 20 часа.
Волонтерот/ката добива нето месечен надоместок за трошоци за храна и превоз согласно волонтерскиот договор.
Временската рамка за реализација на активностите е од втора половина на јули до декември 2020.
Доколку сакате да станете дел од СОС Детско село, испратете ни кратка биографија во која ќе ги наведете претходните волонтерски активности, како и информации за вашето формалното/неформално образование;
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за волонтер /ка испратете ги на адресата maja.smilevska@sos.org.mk најдоцна до 24 јули 2020 година.
Сите кандидат(к)и кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете и телефон и e–адреса за контакт. Сите кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 10 дена по затворање на конкурсот.
Назад кон сите новости