13 август 2020
КОНКУРС ЗА ПСИХОЛОГ
СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението делува и работи на развојни програми од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село го имплементира проектот “Зајакнување на младите преку нови можности“(“Youth empowerment enabling prospects”), и за реализација на активностите во рамки на овој проект огласува 1 (едно) слободно работно место за позиција:
ПСИХОЛОГ
Опис на работата:
Психологот ќе пружа психосоцијална поддршка на млади, невработени лица во социјален ризик за зајакнување на нивната самодоверба и мотивација за промени, а со цел за нивно активно вклучување на пазарот на труд.
Главни задачи:
- Активно работи со младите за да ги разбере нивните работни интереси и способности и од каков вид поддршка имаат потреба за да ги остварат своите цели;
- Работи на мотивирање на младите во преземање на активен однос кон своето вработување;
- Им помага на младите да ја зголемат својата самодоверба и свесноста за сопствените вредности и слабости (реални очекувања, реална слика за себе);
- Учествува во правењето план за потребите од дообучување, квалификација или преквалификација на младите лица;
- Им пружа континуирана поддршка на младите за да обезбеди дека тие го задржуваат работното место или дека напредуваат во своите напори да се вработат.
Квалификации:
- Завршено високо образование и стекнато звање психолог;
- Искуство во работа како психолог од најмалку две години;
- Искуството во работење со млади лица и/или ранливи категории на население ќе се смета за предност;
- Искуство во психосоцијално советување индивидуално и групно, дополнителна едукација за психолошко советување ;
- Лиценца за психолог, ќе се смета за предност ;
- Познавање на детските и човековите права .
Општи очекувања од успешниот кандидат
- Да биде доверлива личност и да се придржува кон политиките и кодексот на однесување на организацијата ;
- Да има сензибилитет за работа со ранлива категорија на млади ;
- Да има разбирање и/или искуство за препознавање на ризици и предизвици со ранливи категории во адолесцентна возраст ;
- Да поседува мотивација и емпатија за работа со ранливи категории.
Вештини:
- Вештини за тимско работење;
- Комуникациски вештини;
- Познавање на MS Office пакетот ;
- Вештини за онлајн работење (користење платформи за онлајн комуникација) ;
- Валидна возачка дозвола Б категорија ;
- Солидно знаење на англиски јазик.
Работни услови:
- Работа на определено време во период од 3 месеци, на скратено работно време од 30 часа неделно ;
- Работно време од понеделник до петок од 09:00 до 15:00 часот;
- Можност за продолжување на договорот за вработување со преминување во работен однос на определено време од 24 месеци, на полно работно време.
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 25.08.2020 година на e-mail: kariera@sos.org.mk.
Содветните кандидати ќе бидат повикани на интервју на почеток на септември 2020.