9 февруари 2021
КОНКУРС ЗА ПОМЛАД ЕКСПЕРТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СРЕДСТВА ОД КОРПОРАТИВНИ ДОНАТОРИ
СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Здружението поддржува деца во ризик и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.
СОС Детско село огласува слободно работно место на определено време од 1 годинa со можност за продолжување на неопределено време за:
ПОМЛАД ЕКСПЕРТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СРЕДСТВА ОД КОРПОРАТИВНИ ДОНАТОРИ
Опис на работата:
На иновативен и креативен начин придонесува за собирање на средства од мали и средни претпријатија и спроведува реализација на донаторски кампањи, во склад со Стратегијата за корпоративно обезбедување средствa.
Дава поддршка при воспоставување и одржување долгорочни партнерства со корпоративни донатори и придонесува во позиционирање на брендот на СОС Детско село. Обезбедува поддршка во развојот на надворешна комуникациска стратегија и придонесува во позитивно промовирање на брендот и мисијата и достигнувањата на СОС Детско село.
Клучни работни задачи и компетенции
- Учествува на средби со можни компаниски донатори во процесот на собирање на средства за реализација на работата на организацијата
- Обезбедува поддршка и организира имплементација на планирани кампањи за обезбедување на средства од претпријатија/компании по насока на директниот претпоставен
- Учествува во развојот на годишниот план и буџет
- Учествува во процесот на
- давање предлози за можна соработка со компании
- развивање портфолио на продукти / методи за собирање средства
- развивање на комуникациски материјали за кампањи за регрутирање на донори
- приготвување презентации за компаниски средби
- спроведување на процесот на одржување на лојалност на компаниските донатори
- организирање на настани за собирање на средства од компании
Промовирање на брендот на СОС Детски села на корпоративни донатори
- Континуирано работи на промоција на брендот кон корпоративните донатори во склад со стандардните на СОС ДС
Известување и рапортирање
- Подготвува извештаи за реализирани кампањи и настани
- Учествува во подготовка на квартални и годишни извештаи согласно годишниот план и буџет за потребите на одделот
Експертот за обезбедување средства од копроративни донатори ги следи и се придржува до СОС стандардите и политиките, со особен акцент врз заштитата на децата.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на економските или други соодветни науки ( бизнис администрација / маркетинг / продажба / деловна администрација / бизнис менаџмент / односи со јавноста или комуникации.)
- Најмалку 2 години искуство во областа на маркетинг и продажба.
- Напредно ниво на презентерски вештини, докажано искуство во преговори и раководење со клиенти
- Одлично познавање на англиски јазик
Дополнителни критериуми:
- Одлични вештини за писмена и вербална комуникација и презентација
- Проактивност, превземање на иницијативи во секојденвното работење
- Позитивен работен однос и можност за работа под притисок
- Високо организирана, ориентирана кон резултати, проактивна и сигурна личност
- Одлучен/а, упорен/а, „може да направи“ и ориентиран/а кон решенија
- Добар тимски играч
- Аналитички способности за размислување
- Силна мотивација да се идентификува со визија, мисијата и вредностите на СОС Детски села
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Работни услови:
- Работа на определено време во период од 1 година со можност за продолжување на неопределено;
- Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00.
Ве молиме испратете професионална биографија и мотивациско писмо најдоцна до 21.02. 2021 на e-mail: kariera@sos.org.mk