Тип на донација
Сума

или

9 мај 2025

Кога младите поддржани од СОС Детско село покажаа што значи да се грижиш и да делуваш за својата околина

Дали младите можат да бидат вистински двигатели на промени во заедницата?
Одговорот го дадоа самите.

Оваа пролет, младите поддржани од СОС Детско село се приклучија на еко-акцијата GENERALKA WEEKEND како вистински двигатели на промени. Со ракавици, вреќи и полни срца, тие покажаа дека љубовта кон природата не се изразува само со зборови, туку пред сè – со дела.

„Ако се грижиш – делувај!“ – оваа порака беше нивниот водич. Тие веруваат дека општествената одговорност започнува од личниот пример. Наместо пасивно да набљудуваат, тие се фатија за работа и со ентузијазам придонесоа за почиста, позелена средина.
Македонија, нашата земја на сонцето, заслужува да биде чиста и полна со живот. Секој собран отпад, секој исчистен агол, е чекор напред. Посветеноста на овие млади луѓе е доказ дека новата генерација е подготвена да преземе одговорност за иднината.