6 ноември 2018
Во рамките на Советодавниот Центар за родители и деца Гази Баба, веќе две години активно функционира Клубот на Млади. Во него членуваат околу 30 деца и млади од семејства во социјален ризик, кои живеат на територијата на општина Гази Баба. Децата се на возраст од 10 – 16 години.
Со цел унапредување на креативните и животните вештини кај децата и младите организирани се разновидни активности. За да ги мотивираме активно да учествуваат во донесувањето на одлуки, им дадовме можност младите да креираат листа на потреби, односно неопходни средства за функционирање на Клубот. Меѓу „водечките“, беа потребата од набавка на Телевизор, ДВД плеер и комп б јутер. Со тоа децата би имале можност за реализација на рекреативни, културни и едукативни активности.
Идејата започна со заедничко собирање на пластични шишиња, со чија продажба би се набавиле материјали за изработка на креативни украси и предмети.
Во период од 3 месеци, собравме пластични шишиња и најдовме откупувач. Со средствата од продажбата на пластичните шишиња набавивме монистра и материјали за рачна изработка на накит. Младите од Клубот, со поддршка на одговорниот за Клубот на Млади и неколку волонтери, почнаа да изработуваат накит (обетки, нараквици и ѓердани). Истите се изложени во една од просториите на Советодавниот Центар за родители и деца. Како завршна фаза на активностите ќе биде продажна изложба на изработениот накит. Имено, децата од Клубот на Млади заедно со волонтерите,во некој од новите трговски центри низ градов, ќе имаат штанд на кој што ќе бидат изложени изработките за продажба.
Назад кон сите новости