Тип на донација
Сума

или

Кампања за промоција на згрижувањето

Кампања за промоција на згрижувањето- На секое дете му треба семејство 

СОС Детско село Македонија е организација која веќе 16 години е посветена на обезбедување на семеен облик на грижа за децата и младите без родителска грижа. Цврсто верувајќи дека Ниту едно дете не треба да расте само, на почетокот на 2018 година се вклучи во кампањата на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ  „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Кампањата има за цел и да мобилизира поддршка за решенија за грижа во семејно опкружување на ниво на заедницата, наспроти институционално згрижување. 

Целта на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето деца помали од три години во големи институции до 2020. Во моментот над двеста деца – бебиња помали од три години, деца со попреченост и деца кои се одделени од своите родители поради злоупотреба или насилство – се згрижени во големи институции во земјава. 

Кампањата има за цел да ја запознае јавноста со алтернативните облици на згрижување, да мобилизира нови згрижувачки семејства, но исто така има за цел и да ја подигне свеста на јавноста дека само грижлива семејна средина може да им ја даде негата и поддршката која им е потребна на децата. Целта е да се допре и да се мобилизираат згрижувачи кои имаат искрена желба и мотивација да пружат грижа за дете на кое му е потребна.  

Во текот на наредните два месеци ќе се организираат локални настани во триесет града во соработка со заедницата и центрите за социјална работа, за граѓаните низ целата земја да дознаат повеќе за облиците на згрижување на деца. 

Кампањата е дел од заложбите на Владата да обезбеди услови за секое дете без родителска грижа во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина, и заложбата ниедно дете под 3 годишна возраст да не е сместено во голема институција до 2020.  

Фотогалерија од настани