На вистинското место сте да направите нешто многу вредно.
Со вашата редовна месечна донација овозможувате среќни сеќавања во животот на децата без родителска грижа

Вашата донација - менува животи ♥

Донирај и стани СОС Пријател ♥

Во СОС Детско село, ние сме посветени на заштита на вашата приватност и обезбедување на безбедноста на вашите лични информации. Информациите од платежните картички не се достапни за нашиот систем во ниту еден момент. Ја сфаќаме вашата приватност сериозно и имаме имплементирано мерки за заштита на вашите податоци.

СРЕЌНИ СЕЌАВАЊА ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ#СЕТИСЕ

Цеце на свои осум години е згрижена во СОС Детско село и детството го поминува со згрижувачката Наташа.

„Некои врски со луѓето ги добиваме со раѓање, а некои пак ги добиваме низ животот како подарок. Тие се големи и нераскинливи, водени од емоции и љубов.“ – вели Цеце.

„Да ме прашавте пред многу години, мојата единствена новогодишна желба беше да имам семејство и некој кој ме сака. И тоа го добив, мојот животен подарок и моето семејство е мојата згрижувачка – мајка Наташа.

Прочитајте ја целата приказна на Цеце на следниот линк

#СетиСЕКако да се вклучам и да помогнам на децата?

Сподели ја твојата слика од детство на социјалните медиуми со текстот подолу и номинирај 3-ца од твоите пријатели кои ќе се вклучат заедно со тебе во кампањата #СетиСЕ. 

Дали се сеќаваш на твоите среќни детски мигови? Најди интересна фотографија од твоето детство, објави ја на твојот инстаграм профил, употреби го хаштагот #СетиСе и предизвикај уште тројца твои пријатели да го направат истото. Јас ги предизвикувам @prijatel1, @prijatel2 и @prijatel3.

Стани дел од предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село и ајде заедно да создадеме среќни спомени за секое дете!