Секое дете припаѓа на семејство и расте со љубов, почитување и чувство на сигурност-ова е визијата на нашата организација.
СОС Детско село Македонија веќе 16 години се грижи за децата, семејствата и локалната заедница. За децата без родители и родителска грижа обезбедуваме семеен модел на грижа во рамките на кој во моментов се грижиме за 120 деца и млади без родители и родителска грижа. Ги зајакнуваме социјално загрозените семејства и ги јакнеме нивните капацитети се со цел да превенираме одвојување на децата од својата семејна средина, секој ден поддржуваме повеќе од 350 деца и млади кои се во ризик да ја загубат грижата од своите семејства. Ние сме гласот на децата во ризик, ги застапуваме и лобираме за овие најранливи категории во заедницата со цел да обезбедиме дека Ниту едно дете нема да расте само.
На овој пат секако не сме сами. Благодарение на вашата поддршка ги менуваме детските животи и создаваме можности за децата кои во животот немале прилика да се радуваат на среќно детство и мечтаат за успешна иднина. Нашата грижа е долгорочна и затоа сме единствени кои може да кажат дека сме одгледале добри, чесни и успешни млади луѓе и дека сме ги задржале семејствата заедно.
Поддржувајќи не, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка. Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитетиги, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество.
СОС детско село Македонија се обврзува дека сите донирани средства ќе ги троши исклучиво за остварување на своите цели и мисија на организацијата.
Како можеш да помогнеш?
Донирај on-line
Биди СОС Пријател
Заврти на телефонскиот број за донации
Донирај производи
Купи Новогодишни честитки
Волонтирај
Сметка за донација на СОС детско село Македонија
210 055 217 340 187 во НЛБ Банка
Контактирајте не за повеќе информации:
Aна Ивановска
Одговорно лице за обезбедување на средства
тел.+ 389 78 254 245