Тип на донација
Сума

или

Како да помогнете

Благодарение на поддршката на драгите пријатели заедно ги менуваме детските животи и создаваме можности за децата кои во животот немале можност да се радуваат на среќно детство и мечтаат за успешна иднина.

Нашата грижа е долгорочна и секојдневно посветено рабтиме со цел да ги поддржиме децата да израснат во чесни и успешни млади луѓе и да им помогнеме на семејствата да останат заедно.

Секако, сето ова не можеме да го постигнеме сами, неопходна ни е вашата поддршка.

Поддржувајќи нè, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка. Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитети, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество.

Понекогаш родителите не можат сами да се грижат за своите деца, понекогаш децата ги губат своите родители или воопшто никогаш не добиваат можност да ги запознаат – тоа се децата на кои им треба вашата поддршка. Секој ден. Со вашата поддршка, заедно ќе обезбедиме квалитетна долгорочна грижа за повеќе од 300 деца од нашата земја.

Донирај

Помогни и ти

Тип на донација
Сума

или

Биди СОС пријател

Доколку сакате да станете СОС пријател кликнете тука.