Тип на донација
Сума

или

neptun sos detsko selo

7 јули 2022

Првото кумство на згрижувачко семејство во СОС Детско село

 

neptun sos detsko selo

 

ДА ИМАШ КУМ ЗНАЧИ ДА ИМАШ ПРИЈАТЕЛИ ЗАСЕКОГАШ

Првото кумство на згрижувачко семејство во СОС Детско село

 

Прекрасно е чувството кога партнерството се развива со многу љубов, посветеност и ќе добие форма која се преточи во започнување на традиција на кумство.

 

Првиот кум на згрижувачко семејство во СОС Детско село е Нептун Македонија.

kumstvo

neptun sos detsko selo

Настанот се одбележа во СОС Детско село каде што сите деца и згрижувачи ги пречекаа своите кумови со голема радост при што кумовите беа претставени од 20 вработени во компанијата Нептун Македонија заедно со нивниот бренд амбасадор Сашко Коцев.

sashko kocev sos

Згрижувачкото семејство кое го има кумот Нептун Македонија го сочинуваат 5 деца до 14 години со згрижувачка Наташа, семејство кое со многу љубов се подготвуваше да го пречека својот кум и подготвија прекрасни цртежи кои ги подарија на вработените во Нептун Македонија.

neptun sos detsko selo

Подарокот од кумот е изразен во финансика донација за поддршка на згрижувачкото семејство за сите потреби кои ги имаат во една година. Финансиската донација од кумот Нептун Македонија се акумулира преку кампањата: “НЕВЕРОЈАТЕН ПОПУСТ НА ГРИЖА, ЉУБОВ И ВНИМАНИЕ” која се спроведе во периодот од 10 до 31 мај во сите продажни објекти на Нептун Македонија. Се заблагодаруваме и на сите потрошувачи и клиенти на Нептун кои придонесуваат значително во СОС Детско село секогаш кога ќе ги посетат салоните на Нептун Македонија.

neptun sos detsko selo

 

Заедно за повеќе насмевки!!