25 декември 2021
Малите деца со големи соништа можат да израснат во големи луѓе со цврсти цели. Инспирирани од важноста на детскиот сон, ИутеКредит Македонија заедно со децата поддржани од СОС Детско Село направија уникатен календар за 2022 година на кој се прикажани цртежи насликани лично од нив.
Темата на цртежите беше „Мојот сон во 2022 е…“, а во овој креативен натпревар учествуваа повеќе од 30 деца без родителска грижа поддржани од СОС Детско село.
Вработените во ИутеКредит Македонија ги посетија децата во нивните семејни куќи каде владее преубава празнична атмосфера. Календарите со нивните мали уметнички дела веднаш се најдоа на ѕидовите на нивните топли домови.
Целиот овој проект совршено се вклопува и во предновогодишната кампања “Избери го својот сон, а ние го имаме решението“ која ИутеКредит ја лансираше на почетокот од овој месец.
ИутеКредит како општествено одговорна компанија со над 85 вработени и во новата година планира слични проекти со цел да го даде својот максимален допринос за поддршка на локалната заедница.
Назад кон сите новости