Тип на донација
Сума

или

it4charity 2022 logo

27 септември 2022

Се одржа првата Хуманитарна ИТ трка во организација на СОС ДЕТСКО СЕЛО 🏃🏻‍♀️💙

it4charity 2022 donatori

 

Денес, на 25 септември 2022 година се одржа првата хуманитарна ИТ трка во организација на СОС Детско село.

Учествуваа 120 вработени од 15 ИТ компании во две категории:

  • Велосипед
  • Трчање

it4charity 2022 trka

 

 

На целта се одржа настан на кој се доделија благодарници за сите учесници и се доделија медаљи за најдобрите 3 постигнувања по категории.

Присутните натпреварувачи на целта во паркот Авионче уживаа во 1 часовен настан заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско цело.

 

it4charity 2022 trka

 

СОС Детско село упатува голема благодарност до компаниите кои го поддржаа

Донаторскиот проект “IT 4 Charity 2022’ оваа година и се обединија сите вработени во Tech индустријата.

И тоа: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside,  Cognism, CapCargo  Challenger, Symphony, IT labs, Bright Marbles, Axapta Masters, Semos Cloud, Furious Avocado, Mima IT Services.

Благодарност и до сите подржувачи на настанот кој ни помогнаа во организација на трката и тоа Триглав Осигурување, Халкбанка, Макпрогрес, КЛС.

 

it4charity 2022 trka

 

Овие 15 компании и подржувачи на Донаторскиот проект “IT 4 Charity RUN 2022’ заеднички обезбедија 25.200 ЕУР за подршка на работењето на СОС Детско село.

 

it4charity 2022 humanitarna trka

 

Галерија