Тип на донација
Сума

или

IT4CHARITY 2024 Race 3/6km - ПРАВИЛА И УСЛОВИ

Следните услови и правила се составен дел од вашата регистрација за учество нa IT4CHARITY 2024 Race 3/6km:

  1.  За трката:

    1.1 Име на настанот: IT4Charity 2024 Race

    1.2 Настанот ќе се одржи на 15.09.2024 со почеток во 09:00 часот. Организаторот си остава за право да ги промени термините на трките доколку тоа го наметнуваат условите.

    1.3 Организатор на трката: СОС Детско село

    1.4 Службени јазици на трката : Македонски и англиски

    1.5 Трки: трка на 3км/6км (3000/6000м)

    1.6 Трката се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и АФСМ

    1.7 Правилата на трката важат за сите учесници и се составен дел од условите за пријавување на трката, а со пријавувањето учесникот ги прифаќа правата и обврските регулирани со овие правила.

    2.  Пријави и одговорности на учесниците

    2.1 Пријавите за учество се отворени на 01.07.2024 во 12.00 часот, а се затвараат на 15.08.2024 во 23:59 часот. На денот на трката не е можно пријавување.

    2.2 Учеството на трката е бесплатно за сите учесници кои се дел од компаниите учеснички во IT4Charity 2024

    2.3 Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето е затворено во моментот на пополнување на бројот на учесници, што може да биде пред крајниот рок од член 2.1

    2.4 Временско ограничување за завршување на 2 часа.

    2.5 Учесникот на трката е одговорен за неговата физичка и здравствена подготвеност за учество на трката.

    2.6 Учесниците учествуваат на сопствен ризик. Организаторите не сносат никакви правни последици во случај на телесна повреда, други здравствени проблеми или смрт, оштетување на опремата и помагала на учесникот. Лекарскaтa екипa присутна на трката има право да го отстрани учесникот во трката доколку констатира опасност по неговото здравје.

    2.7 Организаторот е должен да обезбеди итна медицинска помош за време на трката.

    2.8 Со пријавувањето на трката, учесникот се согласува дека организаторот може да користи фотографии и видео снимки направени за време, непосредно пред и по трката, вклучувајќи ги сите видови на рекламирање на радио, ТВ и интернет како и за други рекламни потреби на организаторот.

    2.10 Секој регистриран натпреварувач ќе трча со стартниот број што му е доделен во старниот пакет. Стартниот број може да се преземе од друг вработен доколку лицето што се пријавило не е во можност да присуствува на трката со пријавување до организаторот најдоцна една недела пред трката. Пријавувањето за трката е лично. Учесникот потврдува дека сите  информации внесени во пријавата се точни.

    2.11 Во случај на презакажување на трката заради од други непредвидени околности, пријавата ќе важи за следниот закажан датум за трката.

    3.  Старни пакети и подигање

    3.1 Старните пакети ќе може да се подигнат во просториите на СОС Детско село во термин за кој пертходно ќе бидете известени.

    3.2 Стартниот пакет за трката се состои од: стартен број со чип за мерење на време, подароци од спонзори, резултати во живо

    4.  Учество во трката

    4.1 Учество во трката е можно доколку сте вработен во компанијата која е дел од IT4Charity 2024.

    4.2 Стартниот број се поставува на предната страна од маицата и мора да е видлив во секое време на трката и за време на влегувањето во целта.

    4.3 На позадината на стартниот број се наоѓа чипот за мерење на време кој не смеете да го уништувате (превиткувате) на било кој начин, во спротивно нема да биде регистрирано вашето време.

    4.4 Резултатите се достапни онлајн за време и по завршувањето на трката на линкот кој ќе го објави организаторот пред почетокот на трката. Жалба во врска со резултатите за првите тројца се поднесува во рок од 30 мин по завршувањето на трката написмено до официјалните судии. Рок за поднесување на жалба за останатите резултати е 24 часа по завршување на трката,  исклучиво преку е-маил. По истекот на правото на жалба, резултатите стануваат официјални.

    5.  Стартни зони

    5.1 Учесниците на трката со трчање на стартот ќе бидат распоредени во 1 стартна зона:

    Тркачи – тргање од старт – 09.00 часот

    6.  Дозволена и недозволена опрема

    6.1 За учесниците кои ќе трчаат на  трката не е дозволена употреба на ролери, скутери, велосипеди или други помагала со тркала. Исклучок се  лица со ограничена подвижност кои не можат да се движат без помагала.

    6.2 Сите лица во трката мора да учествуваат самостојно.

    6.3 Дозволено е учество на тркачи со дете во количка што ја турка пред него заедно со претходно известување на организаторот, и истите застануваат на старт помеѓу последните редови.

    6.4 На учесниците им е дозволено учество во трката со куче на поводник, со претходна најава на организаторот, и истите застануваат на старт помеѓу последните редови.

    6.5 За време на трката не се препорачува слушање музика со слушалки, од безбедносни причини. Едното уво мора да ви биде слободно за да може да ги слушнете сите инструкции / звуци / амбулантна сирена/  за време на трката

    7.  Спотско однесување

    7.1 Сите учесници мора да ги слушаат во секое време на патеката и во стартно/ целната рамнина, инструкциите на организаторот или претставници на огранизаторот

    7.2 Сите учесници треба да се однесуваат спортски и фер-плеј во секое време и да се однесуваат со почит кон другите учесници, гледачи и организаторот.

    7.3 Непочитувањето на правилата за спортско однесување може да резултира со казна или дисквалификација во согласност со одлуката на Органицациониот одбор.

    8.  Измени на правила

    8.1 Организаторот си остава за право да ги промени правилата, термините на трките доколку тоа го наметнуваат условите.

    8.2 Во случај на измени и дополнување на правилата организаторот ќе го објави на својата веб-страница и Фејсбук страница.

    Ги прочитав , разбрав и целосно ги прифаќам условите и правилата за учество во трката”

    За да се осигура вашата заштита на приватност вашите податоци се зачувани во електронска форма.

 

 

За повеќе информации контактирајте не на :

Љубица Атанасова / Софија Стојков

Национална Канцеларија

ул. Ристо Шишков бр. 31

1000 Скопје

Р.С. Македонија

Тел.: +389 2 3290556

Mob: +389 076 220 472 / +389 (0) 75 387 953

ljubica.atanasova@sos.org.mk / Sofija.Stojkov@sos.org.mk

www.sos.org.mk