Тип на донација
Сума

или

it4charity 2021 logo

15 јули 2021

IT4Charity 2021

Хуманитарно движење на ИТ компании

it4charity 2021 logo

 

 

 

15.07.2021 Скопје – Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Концептот на хуманитарната активност е следен – компаниите донираат средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешање, трчање и возење велосипед)  од страна на нивните вработени.

За таа цел оваа година во проектот е здружен и нов партнер  – македонската апликација Challenger за мерење на физички активности, на начин што преку апликацијата Challenger ќе се регистрираат сите изминати километри од вработените во ИТ компаниите и ќе се прикажуваат на веб страницата It4charity (challenger.mk)

Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2021’ и во услови на пандемија продолжува со иновативни активности со цел да им помогнат на децата без родители и родителска грижа поддржани од СОС Детско село. Овој пат здружени со македонската апликација Challenger за мерење на физички активности.

 

Периодот на хуманитарната акција IT4Charity 2021 започнува на 15 Јули и ќе трае 4 месеци до средина на Ноември.

Во моментот се приклучени 8 ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Foxit, Cognism и Challenger, на кои сме неизмерно горди и ги очекуваме сите останати да ни приклучат.

it4charity 2021 sponzori

Овој проект и  партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за:

  1. обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
  2. за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
  3. за осамостојување на младите во социјален ризик.

it4charity 2021