22 мај 2023
Тина:
-Тина е млада, позитивна, амбициозна 26 годишна девојка, хумана и полна со емпатија која сака да ужива во секој момент од животот ширејки љубов и убава енергија.
Ангелина:
-Јас сум Ангелина имам 21 година, студент сум на Медицински факултет. Обожавам да читам книги а пишувам и своја, во слободно време често посетувам театар, а најмногу од се сакам сладолед од ванила.
Тина:
-Главната мотивација беше хуманоста во самата работа, тоа дека знам дека со секој еден регрутиран СОС пријател, помагаме на дечињата поддржани од СОС детско село кои заслужуваат љубов и топол и мирен дом како сите останати. По завршување на моите студии, се’ уште во не толку убавиот период на корона кога условите за наоѓање работа во мојата струка (музика) беа потешки или речиси невозможни, моја блиска пријателка ме предложи знаејки дека одлично би се вклопила, а јас без размислување одлучив да пробам, и еве ме година ипол уживам во мојот избор.
Ангелина:
-Знаев за СОС Детско село уште од малечка, секогаш сум сакала да имам хумана работа и со моите дела да успеам да направам некого среќен.
Тина:
-Дете кое немаше повеќе од 10 години дојде со огромна желба да донира за другарчињата. Му кажав да ги повика родителите за да им објаснам поубаво за начинот на донирање. Тие дополнително поттикнати од неговата желба потоа без размислување станаа наши СОС Пријатели. Децата и младите учат од повозрасните, а ова е одличен пример на добро воспитано дете.
Ангелина:
-Навистина во моментов не можам да се сетам на ниту една случка конкретно. Но, радоста, емпатијата, задоволството и насмевката кај сите СОС Пријатели по направената донација е нешто најпрекрасно и најинтересно на што прво можам да се сетам.
Тина:
-Посебен предизвик не, бидејки имав претходно искуство во слични дејности, но можам да кажам дека секој еден ден на терен е нов предизвик бидејки се среќаваме со различни луѓе, наши потенцијални СОС Пријатели.
Ангелина:
-Предизвиците се дел од животот, постојано ги има но тоа е нормално. Мојот најголем предизвик беше да научам дека секој човек е различен и како мојот пристап со секој човек да биде различен.
Тина:
-Мислам дека ниту еден збор не може да го опише внатрешното чувство на успешен ден на работа на терен, но би рекла многу исполнето и среќно.
Ангелина:
-Ден полн со донации и позитивни луѓе секогаш успева да ме расположи, ме прави среќна и исполнета. Како да се здружуваме сите заедно и правиме добро дело. Зарем има нешто подобро?
Тина:
-Секојдневната комуникација со различни типови на луѓе во денот ми помага да знам како да се однесувам, комуницирам и справувам и во приватниот живот со различни луѓе и ситуации.
Ангелина:
-Благодарение на оваа работа која бара секојдневна комуникација со луѓе, јас научив како да пристапувам со различни луѓе и како да успеам мојата емпатија да ја пренесам и на соговорникот.
Тина:
-Тоа што го поседуваме во нас, со споделување расте, а само кога помагаме и споделуваме со другите, растеме и ние како личности. Доколку сакаш да работиш во убава средина, со прекрасна цел, ова е правото место за тебе.
Ангелина:
-Тимот на СОС Детско село функционира како едно семејство, постојано се бодриме и стоиме зад секој поединечно. Доколку сакате да помагате и имате емпатија а работата со лиѓе ве прави среќни, тимот на СОС детско село ќе ве пречека со отворени раце полни со љубов, дружби и среќни моменти ❤
Назад кон сите новости