6 ноември 2018
Датум: 24.06.2010Настан: Интернационален ден на СОС детски села во светотПо повод одбележувањето на Интернационалниот Ден на СОС ДЕТСКИ СЕЛА, на 24.06.2010 во 11ч, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА организираше прослава во просториите на КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА (Библиотека Другарче).
На оваа свеченост, на Ламбе Алабаковски, омилениот естраден лик на децата, му беше доделена почесната функција АМБАСАДОР НА СОС ДЕТСКО СЕЛО. Амбасадорот треба да ја промовира мисијата на СОС ДЕТСКО СЕЛО и да ги подржува иницијативите за подршка на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО во период од 2 години . Ламбе со задоволство ја прифати оваа функција а децата се истотака пресреќни што Ламбе ќе биде заштитното лице на СОС ДЕТСКО СЕЛО. Ламбе за Нова Година беше во посета на СОС ДЕТСКОТО СЕЛО а децата уште се сеќаваат и си раскажуваат за неговата посета.
На свеченоста во КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА, гости спикери ке бидат Амбасадорот на Австрија во Македонија, Министерот за Труд и Социјална Политика и градоначалникот на општина Газибаба- општина домаќин на СОС ДЕТСКО СЕЛО. Во рамките на програмата се емитуваат и 5 кратки анимирани филмови изработени од децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО , како и кратка театарска претстава и магиничарски перформанс на децата Мартин и Артан.
По официјалниот дел, во фоајето имаше перформанс на групата за Капуера танц, а истовремено гостите можеа да ја погледнат и изложбата на фотографии изработени од децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.
Назад кон сите новости