28 јули 2021
Д-р Игор Тулевски е врвен кардиолог кој речиси три децении живее и работи во Холандија. Покрај неговата хумана професионална определба, д-р Тулевски повеќе години е редовен индивидуален донатор на СОС Детско село. Во ова интервју, д-р Тулевски зборува за важноста на донирањето и индивидуалната посветеност.
Би сакал да истакнам дека чувството / потребата да чинам добро дело е тесно врзана со мојата хумана професија и со областа каде работам – медицината каде што секоја моја активност резултира со некој вид на помош или решавање на проблем. Така што спонтано со тек на време, ми се наметна потребата да покрај секојдневната помош што ја пружам на моите пациенти да почнам да помагам и на друг начин – преку донирање и хуманитарни активности што ќе резултирааат во предизвикување на одредена промена – to make a difference. Токму поради оваа причина, решив сите мои напори и делувања на ова поле да бидат насочени на едно место – односно да донирам за една кауза, бидејќи сметам дека ако донирам на повеќе места ќе се постигне помал ефект или импакт. Воедно би сакал да истакнам дека ми е важно да сум поврзан со каузата за која донирам и дека тоа дополнително ме исполнува и додава вредност донаторските активности.
Јас живеам и работам скоро 30 години во Холандија и често пати сум бил на настани или сум добивал барања за собирање и донирање средства од различни институции во Холандија, но јас донесов одлука дека ќе донирам за една фокусирана цел и тоа во Македонија. Македонија е моја татковина и сметам дека најмногу ми дала во почетокот на мојот развој за да можам да го продолжам мојот професионален развој во Холандија за што морам да кажам дека пресудно беше квалитетното образование. Токму од таа причина мојот фокус во донирањето е во образованието и тоа на децата на кои најмногу им е потребно. На децата без родители на кои квалитетното образование е важен стожер што ќе им влијае на подобрување на нивната неизвесна иднина, односно на обезбедување на сигурна иднина. Добив можност за посета на СОС Детско село во Скопје и добив многу позитивен впечаток. Децата беа среќни, насмеани и луѓето кои се грижат за нив се поврзани со каузата и работат со љубов, топлина и со тоа децата имаат можност да живеат во семејна средина. Генерално многу позитивен впечаток што ми ја потврди и зацврсти мојата одлука за идно донирање во СОС Детско село.
Благодарниците од СОС Детско село ги чувам врамени на зид во мојата канцеларија и на видливи места во болницата и на тој начин гордо ја споделувам хуманитараната работа на СОС детско село со цел да и други земат учество и донираат за оваа кауза. Дополнително на сите роденденски прослави или други настани ги повикувам пријателите да донираат за СОС ДС со тоа што јас потоа ја дуплирам донираната вредност и на тој начин го ширам кругот на поддржувачи на СОС Детско село во Македонија.
Многу е лесно, односно најлесно и тоа е секако благородно чувство. Да се помага на оние кои сеуште не можат да се грижат за себе, и најмногу на оние на кои животот им донел многу предизвици за борба за подобра иднина.
Назад кон сите новости