6 ноември 2018
Дека хуманоста нема возраст, покажаа децата од ОУ „Кочо Рацин“ од Скопје. Тие по повод празникот на мајката 8-ми март, организираа низа хуманитарни активности кои резултираа со собирање на подароци, кои тие ги наменија за три самохрани мајки и нивните семејства.
Целата идеја и иницијатива поттекна од 9 ученици – осмооделенци од ОУ „Кочо Рацин“ – Скопје. Тие организираа донаторски
акции, како хуманитарна „караоке“ забава и продажба на слатки со цел собирање на парични средства со кои за самохраните
мајки обезбедија апарати за домаќинство согласно нивните потреби (машина за перење, мини шпорети, греалки, тостери и фен). Оваа хумана идеја ги инспирира и наиде на поддршка и од останатите ученици во училиштето, наставници и нивните родители.
Сите заедно успеаа да соберат пакети со прехрамбени продукти, стара облека и обувки, хигиенски средства и цвеќе кои исто
така беа наменети за овие семејства.Оваа благородна иницијатива беше помогната од проектниот тим на Советодавниот Центар за родители од Гази Баба, кој во
рамките превентивна програма на СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКДОНИЈА, работи на Зајакнување на семејствата кои се во социјален
ризик. Во рамките на оваа програма се вклучени и семејства на самохрани родители, на кои оваа донација би им била значајна.Во координација со тимот од Центарот, учениците имаа можност својата хумана активност да ја спроведат на дело. Така, празничниот ден, 8-ми март беше ден на пријатни изненадувања во скромниот живот на овие мајки и нивните деца.
Учениците во придружба и со поддршка на вработените од Советодавниот Центар за родители и деца од Гази Баба ги посетија
семејствата и лично им ги предадоа подароците.Ова беше ден за паметење како за мајките, така и за учениците кои со својата хуманост направија домот на овие семејства да
биде исполнет со радост и празнична атмосфера.
Назад кон сите новости