Тип на донација
Сума

или

probiokid donacija

10 март 2021

Хуманитарна кампања на Хемофарм АД Скопје и СОС Детско село

Со секој продаден  пробиотик за деца ПРОБИО КИД ИМУНО, Хемофарм донира 30 денари на СОС Детско село, бидејки ниту едно дете не треба да расте само.

Денес, во просториите на Програмата за згрижување на деца без родителска грижа на СОС Детско село, се одржа средба со г-ѓа Славица Тодоровска директорка на претставништво на Хемофарм АД Скопје и Виолета Георгиевска Раководител на центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село.

Славица Тодоровска

Средбата се одржа по повод почеток на донаторско хуманитарна кампања иницирана од Хемофарм АД Скопје. Преку оваа кампања со почеток од 15 Март 2021 година во сите подоброснабдени аптеки производот на Хемофарм за деца, ПРОБИО КИД ИМУНО ќе има хуманитарно оболежје и тоа 30 денари од продажбата ќе биде донирана за потребите на децата, младите и семејствата во ризик, поддржани од СОС Детско село.

 

dete sos

Топол дом и грижа за секое дете заедно со Хемофарм Ад Скопје

Во време на светска пандемија кога сите се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашите најмили, Хемофарм АД Скопје се погрижи и најранливите и тоа децата без родители и родителска грижа. Со најновата хуманатирна кампања во која со купување на Вашиот омилен имуностабилизатор за деца ProbioKid Immuno  Вие ги помагате и децата без родители и родителаска грижа со тоа што со секој купен производ се донира 30 денари за СОС Детко Село, изјави директорката на претставништвото на Хемофарм г-ѓа Славица Тодоросвска.

Во домашна атмосфера во едно од 12 згрижувачки семејства кои се дел од програмата за згрижување на деца без родители се одржа пријатна средба во која се споделија многу совети за развој на имунитетот на децата и се донираа дополнително и пробиотици ПРОБИО КИД ИМУНО и за 60 деца кои се дел од грижата во СОС Детско Село.

probiokid donacija

Корпоративните донациии и вакви пионерски кампањи креираат дом за секое дете

„Работењето, живеењето и чувањето на здравјето во 2020 и 2021 година, во услови на светска пандемија, не засегна сите. И професионално и приватно и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите соработници за кои здравјето и сигурноста се прв приоритет. За СОС Детско Село приоритет се 590 деца, млади и семејства на кои секојдневно во континуитет им треба нашата поддршка, која може во континуитет да се одвива со поддршка од нашите пријатели и поддржувачи како што станаа сега и Хемофарм Ад Скопје “, изјави г-ѓа Виолета Георгиевска Раководител на центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село.