Тип на донација
Сума

или

it4charity 2022

24 септември 2022

Хуманитарна ИТ трка во организација на СОС ДЕТСКО СЕЛО

IT4Charity 2022 движењето продолжи со Хуманитарна ИТ трка оваа година.

Проектот почна на 20 мај, а завршува на 25 септември со голема трка.

СОС ДЕТСКО СЕЛО е оранизатор на првата хуманитарна ИТ трка која ќе се одржи во Скопје на 25 Септември 2022 година.

На хуманитарната ТРКА учествуваат единствено ИТ компании кои преку финансиски донации за поддршка на работата на СОС Детско село овозможуваат нивните вработени да бидат дел од овој настан.

Трката почнува на 25 септември, недела во 09.00 часот, на вело патеката на Кеј кај хотелот Александар Палас, а ќе заврши во Ново Лисиче, кај Парк Авионче околу 12 часот.

На финишот ќе се одржи 1 часовен настан кој што има за цел да ги зближи учесниците и нивните семејства кои се бидат поканети да ги пречекаат заедно со децата и младинците поддржани од СОС Детско село.

На самата локација на платото на Парк Авионче организаторот СОС Детско село ќе постави уникатни реквизити за спортски и забавни активности во кои ќе можат да уживаат сите посетители под мотото настан за семејството.

it4charity 2022 trka

Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2022’ оваа година ги обедини сите вработени во Tech индустријата преку трката во две категории велосипеди и трчање.

Се приклучија 15 ИТ компании и 120 вработени ќе учествуваат во недела и тоа вработените од: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside,  Cognism, CapCargo  Challenger, Symphony, IT labs, Bright Marbles, Axapta Masters, Semos Cloud, Furious Avocado, Mima IT Services,  на кои сме неизмерно горди и благодарни.

Благодарност и до сите подржувачи на настанот кој ни помогнаа во организација на трката.

it4charity 2022 sponzori

Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за

  • обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
  • за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
  • за осамостојување на младите во социјален ризик.

it4charity 2022 logo

Ни останаа да собереме заеднички уште 5.000 ЕУР за остварување на целта од 30.000 ЕУР на овој проект

Сметки за донации

НЛБ Банка 210-0552173401-87
Шпаркасе Банка 250-1010002868-04