6 ноември 2018
„Нова Македонија“ во понеделникот 15ти октомври реализира хуманитарна акција за донација на храна од „Ворлд вајд бејкери“ и дваесет играчки од „Бебел тојс“ во СОС Детското село. Повод за овој хуман гест беше Светскиот ден за борба против гладот.
„Децата се тие што најмногу се радуваат на секоја донација и сакаат да пречекуваат гости. Секој месец донаторите посетуваат различна куќа, овој месец на ред е десеттата куќа „Делфин“, каде што живеат шест деца со својата СОС мајка Мирјана“ – појасни педагогот Ирена Додевска. Во СОС Детското село во моментов живеат 60 деца во дванаесет куќи, секоја куќа со по најмногу седум деца. За нив се грижи мајка или брачна двојка на која во секојдневните обврски ѝ помагаат сите. Еден обичен ден на децата е исполнет со различни активности поврзани и со учење и со спорт. При започнување на посетата децата имаа час по англиски јазик, една од многуте активности по училиште. „Нам ни е многу убаво тука, а често чекаме и гости. Само што се вративме од училиште, дојдовте вие и нѐ изненадивте. Навистина сме среќни за подароците, и ви благодариме“ – ги поздравија децата. Вработените од Нова Македонија си заминаа полни импресии од убавото дружење со покана за повторна дружба и ветување дека при следната посета децата ќе им приредата претстава.
Назад кон сите новости