6 ноември 2018
Машката ракометна репрезентација и селекцијата на ракометни странци во Македонија, во саботата 15.12.2012 во „Кале“ одиграа ревијален хуманитарен натпревар под мотото „Имај срце, дарувај“, во организација на универзитетот ФОН. Околу илјада гледачи дојдоа да ги поздрават ракометните хуманитарци, кои прикажаа убава игра, и на крајот мечот заврши 30-30.
Во преден план беше хуманитарниот аспект и средствата што ќе бидат донирани за штитениците на СОС Детско село, како и Боро Стајиќ и Филип Михајловски, млади луѓе кои треба да заминат на операција.
Сите актери ја истакнаа желбата оваа манифестација која почна минатата година со ревијален кошаркарски натпревар да продолжи и понатаму. Генералниот менаџер на универзитетот ФОН, Сефер Цаноски, најави дека идната година ќе биде организиран сличен ревијален хуманитарен фудбалски натпревар.
Ракометарите изминатите денови ги посетија дечињата од СОС Детско село, се дружеа со нив и им подарија новогодишни пакетчиња.
Дел од изработените ликовни творби, беа поставени во просториите на СОС Детското Село, а останатите беа подарени на учениците од О.У.„11 Октомври“ за да го красат холот на училиштето и ги потсетуваат децата на прекрасното дружење и новостекнатите другарчиња. По ликовното творење, децата заеднички си играа на игралиштето во дворот. Учениците си заминаа задоволни и со желба за повторна средба.
Назад кон сите новости