Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Хуманитарен настан по повод Светскиот Ден на мајката 2010

Датум: 14.05.2010Настан: Хуманитарен настан по повод светскиот ден на мајкатаПо повод одбележувањето на Светскиот Ден на мајката, Националниот совет на жени на Република Македонија – СОЖМ во соработка со СОС Детско Село Македонија, организираше Хуманитарен хепенинг во СОС детското Село Скопје.

На ден 14.05.2010 год. во 12.00 часот традиционално  беше одбележан Светскиот ден на мајката во СОС ДЕТСКОТО СЕЛО . Настанот се одржа 3-та година по ред и беше посветен на обезбедување на средства за реновирање на СОС СЕМЕЈНИТЕ КУЌИ и за едукација и тренинзи на мајките, со што во континуитет  се поддржува квалитетната грижа на децата без родители и родителска грижа во рамките на СОС ДЕТСКОТО СЕЛО.
На овој настан за прв пат настапија членовите на новата МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА МАГИОНИЧАРИ а специјален перформанс имаше и еден од најстарите сценски илузионисти МАГНУС.
Исто така во програмата беа вклучени со своја претстава и сценски настап и децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО, како и деца гости од СУПЕР ЅВЕЗДА.
Беа изложени детски цртежи изработени од деца од многу училишта и градинки пријавени на претходно објавениот конкурс за НАЈДОБАР ЦРТЕЖ, а имаше и продажно изложбен  дел од фотографии, керамика  и рачно изработен накит од децата од СОС ДЕТСКОТО СЕЛО. Средствата кои беа собрани од овие продажни штандови како и дополнителните донации од бизнис секторот ќе бидат наменети за реновирање на семејните куќи а дел од средствата ќе бидат донирани на Клиниката за  детска хирургија.