Тип на донација
Сума

или

6 ноември 2018

Хуманитарен концерт „Биди пријател наш“ за СОС Детско село

На 29.11.2010 со почеток во 20.00 часот, во Универзална сала во Скопје, а по повод одбележувањето на  почетокот на 10 годишниот јубилеј, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА организира голем хуманитарен концерт за поддршка на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.

ДАТУМ: 18.11.2010
ДО: МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ
НАСТАН: ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ПОДДРШКА НА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

ПОД ИМЕТО „БИДИ ПРИЈАТЕЛ НАШ“ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ  И
ПЕСНА ОД ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

На 29.11.2010 со почеток во 20.00 часот, во Универзална сала во Скопје, а по повод одбележувањето на  почетокот на 10 годишниот јубилеј, СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА организира голем хуманитарен концерт за поддршка на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО.

Насловот на концертот `Биди пријател наш` има за цел да го промовира и КЛУБОТ НА ПРИЈАТЕЛИ на СОС ДЕТСКО СЕЛО МАКЕДОНИЈА, што ќе претставува здружување на сите досегашни и идни пријатели на СОС ДЕТСКО СЕЛО со цел обезбедување на континуирана поддршка на оваа организација, која е една од ретките позитивни примери за тоа како треба и може да се згрижуваат деца во Р. Македонија.
На концертот, како веќе активен амбасадор на СОС ДЕТСКО СЕЛО ќе настапи и Ламбе Алабаковски, омилениот естраден лик на децата, а воедно и за првпат јавно ќе ја изведе новата композиција, `БИДИ ПРИЈАТЕЛ НАШ ` наменета за поддршка на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО. Како коавтор на песната покрај Ламбе Алабаковски се јавува и Дарко Димитров, а текстот е на Огнен Димитровски. Песната наскоро ќе добие и визуелизација благодарение на тимот на ТОМАТО продукција.
Како водителски пар на настанот ќе се појават популарните Марко Новески и Ирена Петковска, а ќе настапат и голем број познати имиња од естрадата како Елена Ристевска, Александар Белов, Некст Тиме, Влатко Лозановски, Дарко Илиевски, Оливера Ѓорѓиевска, Ристо Самарџиев, Џинас Папас Џокси, Александра Пилева, Магдалена Цветковска, Александар Тарабунов, Зоран Џорлев, Викторија Лоба, Орхидеја Дукова.
*СОС Детското село во Скопје започна да функционира во ноември 2000 година, а во 2002 година беше згрижено првото дете. Денес во селото има 12 семејни куќи и една младинска заедница каде се згрижени 83 деца без родители и родителска грижа. Децата живеат во посебни семејства и најголем број се на училишна возраст до 15 години. СОС ДЕТСКО СЕЛО е уникатен пример за квалитетно згрижување на деца, според интернационални стандарди во услови блиски до биолошкото семејство и почитување на Конвенцијата за детски права.
Цената на билетот е 150 денари, и билетите се во продажба на касата на Универзална сала.
Бидете и вие пријател наш!