Преку индивидуален пристап, целиме кон правилен развој на младите, стручна, образовна и лична подготвеност за успешен и самостоен живот

Преку индивидуален пристап, целиме кон правилен развој на младите, стручна, образовна и лична подготвеност за успешен ..

Програма за грижа за млади

 

Со цел успешно и навремено осамостојување на младите за самостоен живот, СОС Детско село Скопје спроведува програма за грижа за млади. Грижата за младите се реализира во четири станбени единици  од кои две се лоцирани во семејна куќа во населбата Радишани, а другите две се во населбата Бардовци, кои имаат капацитет за згрижување на , вкупно 28 младинци. Програмата за грижа за млади е модел на згрижување, согласно СОС концептот за грижа за млади и позитивните законски норми. Во рамките на оваа програма младите учат за одговорности за распределба на личните финансии, раководење со домаќинство, грижа за сопственото физичко и ментално здравје. Посебен акцент се става на поддршката во образованието, како и носење на правилна одлука за нивната иднина, избор на професија, факултет, или доквалификација доколку е потребна. Сето ова младите го прават со помош и советување од стана на стручни соработници (ментори) кои им овозможуваат 24 часовна грижа и им даваат поддршка во процесот на нивното  осамостојување.

 

ПРОГРАМА ЗА ПОЛУ-НЕЗАВИСНО ЖИВЕЕЊЕ

Во текот на своето долгогодишно функционирање, растејќи и созревајќи, научивме дека на младите без родителска грижа, како и на младите во разни социјални ризици, им е потребна помош во осамостојувањето и тоа во областите на: домување, стекнување на професионални и „меки“ вештини, вклучување во пазарот на труд за побрзо и полесно интегрирање во социјалната средина.

СОС Програмата за полу-независно живеење ги поддржува младите на почетокот на нивниот независен живот и им помага да достигнат целосна самостојност.

Оваа програма е последната фаза во грижата и поддршката што СОС организацијата ја обезбедува за децата без родителска грижа. Општата цел на оваа фаза е непречен премин во потполно независен живот при што младата личност е целосно способна да преземе потполна одговорност за сопствениот живот. Оваа фаза доаѓа по грижата во згрижувачко семејство или во СОС Програмата за грижа за млади и трае највеќе 3 години (или повеќе за ученици и студенти, во зависност од природата на студиите), по што СОС организацијата се повлекува од поддршката и младата личност води целосно независен живот.

Специфични цели на поддршката на младите во ППНЖ се: Обезбедување постојано/стабилно вработување и редовни приходи; Стекнување на соодветно домување и Целосно преземање на контрола и одговорност за сопствениот живот.

До сега, преку оваа програма имаме поддржано 31 млад човек од кои 13 се вработени и осамостоени, 19 се студенти, 3 го довршуваат средното образование, а 4 бараат работа на пазарот на трудот.

 

Контактирајте нè:

СОС ПРОГРАМА ЗА ГРИЖА ЗА МЛАДИ -РАДИШАНИ

Ул. Бутелска 6/8

тел +389(0)2 2670087

mail: selo@sos.org.mk

 

СОС ПРОГРАМА ЗА ГРИЖА ЗА МЛАДИ-БАРДОВЦИ

Ул. 6 Бр.25

Тел. +389(0)2 3094661

mail: selo@sos.org.mk