26 октомври 2022
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА…
Макпрогрес како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е континуирана поддршка на работата на СОС Детско Село.
Како семејство се приспособуваме на променливата општествена и економска состојба и затоа традиционално креираме кампањи кои ќе ги сплотат производителите и купувачите за да заеднички ја поддржиме работата на СОС Детско село.
Денес jа започнуваме хуманитарната кампања со најновиот производ ROCKY и донираме во СОС Детско село со секој купен производ назначен во кампањата.
Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања и заеднички да ја поддржиме мисијата на СОС Детско село: Топол дом и грижа за секое дете, и да растеме заедно со палетата на производи на ROCKY.
Производите ROCKY на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни за сите купувачи да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на радост и гордост и лична сатисфакција што помагаат на тие што најмногу им треба.
Назад кон сите новости