Тип на донација
Сума

или

ednosemejstvo 2021

14 март 2022

ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО НА СОС ДЕТСКО СЕЛО

Под девизата “Лесно е да чиниш добро кога многумина помагаат” на 11.03.2022 се одржа настан за благодарност на најголемите донатори и подржувачи на работата на СОС Детско село. На присутните 150 претставници од бизнис секторот и граѓани кои веруваат во нашата кауза и работа, им се обрати почесниот гостин на настанот Н.Е. австрискиот амбасадор Др. Георг Вуцас кој сподели дека во 2021 година повеќе од 70% од компаниите и граѓаните на Австрија донирале, од кои 25% дале поддршка на најранливата група – за децата без родителска грижа. Порача дека иако нашата земја е мала, ги има истите проблеми како и големите земји, и лекот е секогаш ист, поддршка од мнозинството, и повика на подигнување на свеста во општеството за активно делување и поддршка на тие на кои им е најмногу потребно.

julijana gapo edno semejstvo 2021

На ова се надоврза Јулијана Гапо – директор на СОС Детско село Сакаме да се заблагодариме на сите оние со чија помош минатата година успеавме да поддржиме повеќе од 510 деца и млади без родителска грижа или во социјален ризик , и кои овозможија реализација на нашата имисија Топол дом , љубов и грижа за секое дете.

publika edno semejstvo 2021

Благодарност на повеќе од 350  компании, благодарност на повеќе од 500 од нивни вработени  што преку различни активности и кампањи се вклучија и дадоа свој допринос, благодарност на повеќе од 5000 индивидуалци за нивната несебична поддршка.”

upraven odbor edno semejstvo 2021

На настанот се доделија признанија на најголемите поддржувачи од бизнис заедницата:

  • компаниите кои повеќе години не поддржуваат “Пивара Скопје”, “Шпаркасе Банка”, “Осигурување Македонија”, “Нептун Македонија”, “Макпрогрес”, “АЕК”.
  • компанијата “Веро Маркети” која ја реализираше иновативната кампања “Заокружи сметка” со која постигна голем успех и допре до голем број на граѓани.
  • “Арс Ламина” и Зоран Спасов – Ѕоф за реализација на проектот “Хуманитарна книга”.
  • 15 ИТ компании за проектот “IT4Charity 2021” при што нивните вработени преку физичка активност  генерираа зелени километри кои беа со хуманитарна димензија. – Slice, Valtech, Allocate Software, Foxit, Kajgana Media, Sopro, Intertec, One Inside, Netcetera, Cognism, CodeIT Solutions, InPlayer, EmbedSocial, Symphony Digital Skopje и македонската апликација
  • Водовод Скопје кој веќе три години го претcтавува нашиот глас помеѓу нивните корисници.

blagodarnici edno semejstvo 2021

Посебно не радува фактот дека секоја година се поголем број на граѓани се приклучуваат во поддршката на СОС Детско село. Многу донатори прават голема разлика во животот на децата од ранливите групи, а во исто време секоја донација возвраќа на секоја индивидуа со радост, гордост  и лично задоволство.

deca edno semejstvo 2021

Благодарност до сите оние граѓани кои во текот на годината донираат дел од своето време и средства на нашата кауза и на оние кои секој месец посветено донираат и овозможуваат континуитет на поддршката на оние на кои им е најпотребно.

БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ СЕ ДЕЛ ОД НАШЕТО СОС СЕМЕЈСТВО!