6 ноември 2018
На 06.06.2017 година се одржа редовното Годишно Собрание на Здружението на граѓани СОС Детско Село Македонија. На оваа средба освен што се презентираше работата на организацијата и беше усвоен и годишниот и ревизорскиот извештај за 2016 година, Здружението на граѓани го збогати своето семејство со 11 нови членови, граѓани кои ја препознаа вредноста на нашата работа и кои сакаат посветено и хуманитарно да ја помогнат работата на нашата организација. Им благодариме на: Димитар Атанасовски, Филип Ивановски, Сузана Андреев, Александра Николова, Љубомор Пејовски, Наташа Мијат Крстевска, Игор Георгиевски, Нена Димовска, Марина Домазетовска Саздовска, Татјана Лопарски и Руска Насковска, кои заедно со сите нас ќе допринесат за подобра иднина на многу деца и семејства на кои им треба нашата поддршка и ќе се залагаат за остварување на мисијата на СОС Детско село Македонија и Топол дом, љубов и грижа за секое дете.
Исто така, на оваа средба им беа доделени благодарници на присутните членови за нивната долгогодишна посветеност и поддршка на нашата работа .
2016 година за нас беше особено важна година, бидејќи беше јубилејна година во која го прославивме и 15 годишниот Јубилеј од постоењето и работењето на СОС Детско село Македонија. Годината беше исполнета и со многу нови предизвици, успеси како и завршени активности и процеси кои својата успешна финализација ја доживеаа на почетокот или до крајот на годината. Уште едно поглавје од нашето посветено работење беше успешно заокружено а беа започнати и нови активности чии резултати ќе треба да ги видиме во текот на 2017 а за некои од нив за две или три години. Нашето работење се одвиваше согласно годишниот план како и нашата дефинирана стратегија до 2020 година која што во голема мера е усогласена со Интернационалната стратегија 2030 на СОС Детските села Интернационал. Во 2016 година освен програмите на локација, СОС Детско село Македонија имплементираше уште четири проекти менаџирани од Националната Канцеларија : Економско зајакнување на млади во социјални ризици, Социјални договори за самоодржливост на граѓанските организации, PRIDE програмата за градење на капацитети на згрижувачки семејства и професионалците кои го поддржуваат згрижувачкиот систем и Проектот за Интервентни активности и поддршка на децата и семејства бегалци кои транзитираа или беа сместени во транзитните центри за бегалци Винојуг и Табановце.
Би благодариме на довербата и продолжуваме и понатаму посветени на децата, младите и семејствата на кои им треба нашата помош и поддршка!
Назад кон сите новости