Тип на донација
Сума

или

bayern sos detsko selo

6 октомври 2020

ФК Баерн Минхен и СОС Детски села Интернационал заедно во „Арена на промена“

ФК Баерн Минхен и СОС Детски села Интернационал започнаа партнерство кое ќе им понуди на децата можност да ги откријат сопствените таленти, да растат и да се развиваат над сопствените граници и да ги реализираат своите потенцијали како на теренот, така и во животот.

Заедничкиот едукативен проект наречен „Арена на промена“ им овозможува на децата од различни возрасни групи да учат не само едни од други, туку и од вистински професионалци, без притисоци и проценки. Фудбалерите и младите таленти на ФК Баерн ќе послужат како пример за младите учесници, а фудбалскиот клуб ќе ги отвори вратите на своите простории и тие ќе бидат достапни за децата.

sos international

„Воодушевена сум што имаме партнер како ФК Баерн Минхен“, изјави Петра Хорн, извршен член на Бордот на директори на СОС Детски села Интернационал. „Заедно создадовме иновативен проект наречен „Арена на промена” каде девојчињата и момчињата ќе добијат можност да растат заедно и да учат од професионалци користејќи ја мотивирачката и инспиративна околина на ФК Баерн “.

Г-ѓа Хорн истакна дека тимските спортови, особено фудбалот, се многу важни за СОС Детски села Интернационал. „Ги учат децата на тимски дух, почит, фер игра и многу повеќе“, вели таа. „Ова е одлична основа за долгорочна и одржлива соработка, но и вистинска вредност за заедницата“.

Карл-Хајнц Румениге, Извршен директор на ФК Баерн Минхен, повеќегодишната соработка со СОС Детски села Интернационал ја нарекува „важен и неопходен чекор за ФК Баерн“ бидејќи се обидува да ја направи својата визија за социјална одржливост ефективна и видлива. „СОС Детските села е лидер во меѓународната “лига“ на хуманитарни организации и совршено одговара со ФК Баерн“, вели тој.

Проектот „Арена на промена” се фокусира на благосостојбата на секое дете овозможувајќи му да развие самодоверба и посветеност преку креативни активности, спортови и наука.  Проектот ќе биде воден и организиран од вработените во СОС Детски села Интернационал, и е наменет за деца и млади од сите социо-економски средини, со еднакво учество на девојчиња и момчиња.