Тип на донација
Сума

или

Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

17 април 2019

Финална конференција на проектот Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

На денешниот завршен настан, во рамките на Проектот Социјална инклузија и економско зајакнување на млади и на млади родители во социјален ризик преку мерки за генерирање приходи “ имплементиран од СОС Детско село Македонија, беа презентирани резултатите на проектот и се доделија плакети и признанија на клучните партнери и најуспешните корисници во проектот.

konferencija sos detsko selo

Проектот се имплементира со поддршка на Германското министерство за економска соработка и развој и Фондацијата Херман Гмајнер во рамки на Ресурсниот центар на СОС Детско село во општина Гази Баба. Со проектот се опфатени млади луѓе и млади родители од територијата на градот Скопје, со фокус на општина Гази Баба.

Клучни постигнувања на проектот се:

  • 335 млади корисници на услугите за интеграција на пазарот на труд
  • 130 млади корисници се вработија
  • 56 млади корисници добија грант и отворија сопствен бизнис
  • Отворен е клуб на млади
  • Остварена е широка соработка со бизнис заедницата за поддршка во вработување на младите

На настанот свое обраќање имаа:

г-а Јулијана Гапо– Национален директор на СОС Детско село Македонија

г-а Билјана Јовановска, директорка на Агенција за вработување на РСМ

г. Борче Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба

г-а Корнелија Ципушева- проектен менаџер на проект за Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

julijana gapo

г-а Јулијана Гапо– Национален директор на СОС Детско село Македонија во оваа прилика акцентираше:

Правото на инклузија и на вработување е ставено високо на глобалната агенда за развој на Обединетите Нации и се проткајува низ повеќето Цели за одржлив развој. Бидејќи растот и просперитетот на земјите се заснова врз најголемото богатство: младите. Затоа и прв приоритет е да се создаде место каде што младите луѓе можат да напредуваат и да го постигнат својот потенцијал; место на позитивни и еднакви можности за сите.

Токму ова беше и главниот поттик СОС Детско село Македонија да ги прошири своите превентивни програми за поддршка на млади и на млади родители во социјален ризик и да преземе акција во областа на социјалната инклузија и на подобрувањето на социо-економската состојба на младите.“

Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

„АВРСМ остварува долгогодишна соработка со СОС Детско село Македонија со цел низ заеднички активности да придонесеме кон социјална инклузија на целните групи со кои работи оваа организација. Целта на овој проект е преку заедничка соработка да се придонесе кон подобрување на севкупната социо-економска благосостојба на младите лица, долгорочно невработени и семејства во социјален ризик на подрачје на општина Гази Баба, преку поголема вклученост на пазарот на труд и воопшто интегрирање на ранливите категории лица во општеството.

Благодарение на овој проект младите лица во социјален ризик се многу поинформирани и поактивно учествуваат во мерките кои се дел од оперативните планови за вработување.“- истакна Билјана Јовановска, директорка на Агенција за вработување на РСМ.

Социјална инклузија и економско зајакнување на млади

Нашата цел е заеднички со СОС Детско село Македонија преку Ресурсниот центар кој во моментов делува само во Општина Гази Баба, поддршката на младите во социјален ризик, да прерасне на регионално ниво и да ги опслужува и другите општини во градот и неговата околина.

На тој начин ќе влијаеме во намалување на невработеноста и младите да останат тука. Во овие напори ја вклучивме и бизнис заедницата која во овој момент се соочува со недостиг на кадри. А секако дека општина Гази баба, заедно со СОС Детско село ќе продолжат да работат и на други проекти се со цел младите да останат во земјата. нагласи Борче Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба.

sos

Во Ресурсниот центар, кој е единствен од ваков вид во земјава, младите невработени лица добиваат менторска поддршка при вработување или при самовработување. Целокупното работење со младите корисници се води според методологијата на СОС Детско село Македонија за менаџмент на случај, која овозможува индивидуален менторски пристап и задоволување на потребите на секој корисник според неговите капацитети, лични карактеристики и состојби.

Многу важен сегмент во зајакнувањето на младите лица, корисници на проектот, е и психосоцијалната поддршка. Целта е јакнење на самодовербата, на создавање позитивна слика за себе и на зголемување на мотивацијата за активно вклучување на пазарот на труд. Проектните активности овозможија и поттикнување младинско волонтирање, проактивност, граѓанско учество, вмрежување и врсничка поддршка, како клучни за заземање активен став кон сопствениот живот и кон иднината.