Тип на донација
Сума

или

29 ноември 2024

Една ѕвезда, една детска желба

“Порано многу се плашев од темнината. Знаев со часови да седам покриена со ќебето преку глава.
Така бев сама и се чувствував посигурна. Но, сега веќе не така…СЕГА знам дека имам некој кој се грижи за мене.” — вели Марија, која има само 8 години.

Овие празници, додека многу деца со нетрпение го очекуваат доаѓањето на Дедо Мраз, други, деца како Марија, чекаат нешто многу повредно: љубов и сигурност.
На само пет години, Марија дојде во СОС Детско Село.
Мала како ‘зрнце’, а веќе исполнета со огромна тага и осаменост. Нејзиниот мал свет познаваше повеќе тишина отколку смеа, а нејзините соништа
беа темни од сенките на несигурноста.

Благодарение на хуманите луѓе како Вас, приказната на Марија тогаш започна да се менува.

Во нејзиното згрижувачко семејство, таа ја прослави својата прва Нова година. Заедно со нејзината згрижувачка, за прв пат ја накити елката, и за прв пат доби подарок за Нова година. Подарок кој беше повреден од сите играчки на светот, доби надеж, љубов и семејство кое верува во неа.

Вашата донација може да им донесе на децата како Марија празник исполнет со љубов, грижа и семејство. Вашата поддршка им нуди не само утеха, туку и шанса да сонуваат и што е најважно да знаат дека се сакани.

 

 

*Приказната е вистинска, но името е променето поради заштита на личните податоци.