6 ноември 2018
Децата од СОС Детското село се дружеа со светскиот рекет број 2 Новак Ѓоковиќ на тунискиот турнир “Србија Опен”, кој започна на 23ти април во Белград, и ќе трае до 2ви мај. Децата од селото заедно со финалистите на “Македонскиот идол” беа гости на семејството Ѓоковиќ, и добија ВИП влезници за следење на еден меч на централниот терен.
Им беше овозможена и прошетка низ тениските терени и целиот комплекс “Новак” каде што се оддржува турнирот. Децата се дружеа и се фотографираа со Новак Ѓоковиќ, а тој им подари маици со неговиот лик.
За време на дводневниот престој во Белград, тие посетија и 3Д проекција на филм во “ТЦ Ушќе” и панорамско разгледување на градот и околината.
Посетата на срската престолнина им ја овозможи “Дајнерс клуб Македонија” со помош на “Дајнерс клуб Србија”. “Пресреќни сме што израдувавме 19 прекрасни деца кои што знаеа како да се заблагодарат “, велат од “Дајнерс клубот”.
Назад кон сите новости