Зошто ни е потребна вашата помош?

Во овој период СОС Детско село континуирано поддржува повеќе од 70 деца и млади, овозможувајќи им да растат во сигурна семејна средина, да го завршат образованието и да добијат можност за вработување.
Даваме стручна поддршка на 80 згрижувачки семејства.
Вашата месечна донација ги покрива овие трошоци и овозможува втора шанса за среќен живот.

Избери износ

Годишната сума од вашите месечни донации покрива логопедски дефектолошки третман за едно дете за период од 6 месеци.

Следно

За овие 22 години:

деца и млади се обезбедени со топол дом, љубов и семејна грижа
деца спречивме да бидат разделени од биолошките семејства
поддржани семејства во ризик
млади да ги зајакнат своите вештини и можности за вработување

Приказни

Ангела
7, Скопје

 

Се викам Ангела.

Имав 7 години кога дојдов да живеам во куќата на мама Мира во СОС Детско село. Не памтам многу, знам само дека беше почеток на април, Велигден. Уште еден празник каде семејствата се заедно. Среќни и безгрижни сеќавања, толку важни за секое дете. За жал, не и за мене. Мене празниците ме потсетуваа на тага и осаменост.

Памтам дека влегов во куќата исплашена и збунета. Мама Мира ми подаде топлинки. Рече дека ги купила за мене. Ме збуни дека дотогаш немав топлинки.  Внатре имаше три деца, разиграни и насмеани. Кога ме видоа се стрчаа да ме гушнат. Уште бев исплашена и збунета, ама веќе не толку многу.

Мама Мира вадеше чинии и прибор. Децата ги носеа на масата и ги редеа. Цело време се смееја и си потпевнуваа некоја песна. Седев на еден крај од каучот во дневната настрана од сета оваа семејна „гужва“, смеа, врева – која ми се чинеше дека е некоја серија од телевизија.
По кратко време, ја осетив раката на мама Мира како ме гали по косата. Ми рече: „Ајде Ангела, дојди да ручаме“. Се збунив и се трудев да не се расплачам. Тогаш мама Мира ме гушна, ме бакна по косата и ми шепна: „Се’ ќе биде во ред. Сега си дома.“

Денес имам 24 години. Сопруга сум и мајка на едногодишен син… Правам се’ мојот син да расте со истите љубов и топлина кои ги имав во моето семејство со мама Мира, со Неда, со Јасмин и другите деца.
Велигденскиот ручек кај мама Мира во СОС Детско село ни остана традиција. Да ми кажевте дека тоа збунето, исплашено седумгодишно девојче еден ден ќе има ваква семејна среќа, искрена да бидам, немаше да ви верувам.

Денес знам дека среќата и радоста кои ги добив во СОС Детско село се должат на многу луѓе кои верувале во мојата мама Мира. Мојата детска среќа и денешна семејна идила, и среќата на многу нас, се должи на многу луѓе кои донирале во СОС Детско село.

Мојата соба од детството денес ја делат Даниела и Елена. Ним им требате Вие.
Со Вашата донација ќе овозможите многу деца да растат во топол дом, да имаат празници исполнети со семејна љубов, грижа и убави сеќавања.

Донирај
Прочитај повеќе
Раде
8, Скопје

 

Дали го знаете она чувство кога не можете да најдете зборови со кои ќе објасните што ви лежи на душата?  Миговите кога имате бура од емоции, а сте неми?
Можете ли само да замислите што чувствува едно дете кое одеднаш останало само?

Раде имаше само 8 години кога дојде во СОС Детско село.  Останал сам. Судбината си поиграла со него. Одкако беше дојден во згрижувачкото семејство на мама Буба тој не изусти ниту еден единствен збор. Само молчеше и немо гледаше.
Во тие сини очиња во исто време се препознаваа страв, тага, бес, лутина…но и надеж.

Требаше да поминат 8 месеци Раде да ја препознае сигурноста и безусловната поддршка на СОС мама Љубица.  Нејзиното трпение и љубов докажа дека се е можно.

И така едноставно, едно предновогодишно утро, под накитената елка мама Буба најде порака која и ги насолзи очите, а во исто време и го стопли срцето.

На ливчето стоеше: “Мама Бубa ти благодарам за се, оваа година не ми треба ништо повеќе од Дедо Мраз!“

Не е лесно да бидеш храбар, особено не кога имаш 5, 8 или 10 години…
Но, со сигурност можеме да кажеме дека на секое дете му е многу полесно, кога има некој што ќе го разбере, сака и гушне за добра ноќ. Некој кој трпеливо ќе чека.
Бидејќи ќе знае дека еден ден ќе дојде вистинско време кога се што е не е изговорено ќе биде кажано.

Донирај
Прочитај повеќе

Често поставувани прашања

Кои деца се згрижуваат во СОС Детско село?

Кога надлежниот Центар за социјална работа ќе утврди дека условите во кои детето во рамките на своето семејство расте не се во негов најдобар интерес и дека во такви услови не се почитуваат правата на детето, или пак кога родителите на детето не се живи, центарот донесува одлука за згрижување на детето во алтернативен облик на грижа – СОС згрижувачко семејство.

Кој се грижи за децата во СОС Детско село?

За децата се грижат лиценцирани згрижувачи кои поминуваат сеопфатна тренинг програма и имаат постојана тековна поддршка за време на грижата, од стручен тим на професионалци- психолози, педагози, социјални работници, логопеди, дефектолози итн.

Кој одредува кое дете ќе биде згрижено во СОС Детско село?

Одлуката дали детето ќе биде згрижено во СОС згрижувачко семејство ја носи надлежниот Центар за социјална работа во соработка со СОС Детско село.

Дали може да се посвои дете кое расте во СОС згрижувачко семејство?

Бидејќи законски старатели на децата кои растат во СОС згрижувачките семејства се центрите за социјална работа, тие се исто така задолжени за одлуката каква грижа е во најдобар интерес на секое поединечно дете. Доколку сте заинтересирани за посвојување, Ве молиме контактирајте го Центарот за социјална работа во Вашата општина.

Како можам да ја поддржам работата на СОС Детско село Македонија?

Поддржувајќи нè, Вие ни овозможувате да обезбедиме најквалитетна грижа за децата, тие да растат во топол дом, опкружени со родителска љубов и поддршка. Вие ни помагате да ги поттикнеме слободно да ги развиваат своите капацитети, да ги подготвиме за предизвиците кои со себе ги носи животот, и да им овозможиме да станат успешни млади луѓе кои активно придонесуваат во нашето општество.

За што ќе бидат наменети средствата кои се собираат во оваа кампања?

Понекогаш родителите не можат сами да се грижат за своите деца, понекогаш децата ги губат своите родители или воопшто никогаш не добиваат можност да ги запознаат – тоа се децата на кои им треба Вашата поддршка. Секој ден. Во интерес на децата чија грижа ни е доверена, ние се обврзуваме дека сите добиени финансиски и материјални средства ќе ги користиме правилно, одговорно и транспарентно. Нашите стандарди и политики детално ги пропишуваат како квалитетот во грижата за децата, така и начинот на трошење на средствата. Во таа насока, особено водиме сметка нашето работење да биде финансиски транспарентно, и редовно спроведуваме интерни и екстерни финансиски контроли.

Донирај

Претплатете се за Newsletter (Електронски билтен)

Дали сакате да добивате информации за нашите активности?

Со тоа што ни ја давате вашата идентификациона адреса на е-пошта за да ги добивате нашите СОС Вести, вие се согласувате да добивате комерцијални информации по електронски пат.